(ВИДЕО) Без промена на Уставот, С Македонија ризикува да биде одвоена од Албанија на патот кон Европската унија, вели европратеникот Ќучук

August 9, 2023
1 min read

Според бугарскиот европратеник и известувач за земјава во Европскиот парламент, Илхан Ќучук одлуката е во рацете на македонските политичари – дали ќе ги направи овие промени и ќе започне со преговорите или пак С Македонија ќе биде одвоена од Албанија на патот кон ЕУ

Во интервју за БГНЕС, бугарскиот европратеник и известувач за земјава во Европскиот парламент и копретседавач на Алијансата на либералите и демократите за Европа, Илхан Ќучук вели дека без спроведување на потребните реформи, односно без промена на Уставот, С Македонија не може да ги започне преговорите со Европскта унија, туку напротив, постои реален ризик од одвојување од Албанија на патот кон Европската унија. На тој начин, Албанија ќе прогресира, а С Македонија ќе остане во групата со земјите кои имаат сериозни проблеми со своите соседи како Србија, Косово и Босна и Херцеговина.

„Тука е и геополитичкиот предизвик, заедно со тоа, можност Украина всушност да почне да преговара со ЕУ, таа е земја која доби статус на кандидат за членка. Односно, изборот е многу јасен – дали Република Северна Македонија сака да продолжи по својот пат, со реформирање на општествените односи, или ќе се приклучи на друга група која нема јасен патоказ за во ЕУ“,

вели Ќучук.

Европратеникот и известувач за С Македонија во Европскиот парламент, Илхан Ќучук / Фото: Принтскрин – „БГНЕС“

Според него, во С Македонија нема единство околу целта на државата за влез во унијата, па затоа се игра со стравовите дека некој ќе постави дополнителни услови на земјава во понатамошниот процес на интеграција во Европската унија

„Ова се условите и двете страни се договорија – Бугарија и Република Северна Македонија. Тие ги изгласаа овие услови во бугарското, односно во македонското Народно собрание. Отсега овие договори мора да се исполнат“,

вели европратеникот Ќучук.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Западот почна да добива „отрезнувачки“ извештаи од контраофанзивата

Следно

Вардар потврди Бразилец како шесто засилување за новата сезона

Latest from Blog

Македонец загина, а друг е тешко повреден во превртен автомобил на автопатот Нови Сад – Суботица

Едно лице го загуби животот, а друго е со тешки телесни повреди во тешка сообраќајна несреќа што се случила денеска во раните утрински часови на делницата помеѓу клучката Жедничка и наплатната станица

Од патарини инкасирани над 30 милиони евра за половина година, поголема достапност на М-ТАГ уредот

Од патарини во првата половина од годинава се наплатени 1.900.255.930 денари (30,89 милиони евра) за 78 милиони денари повеќе во однос на истиот период од минатата година. Евидентираниот раст на електронската наплата

ВИДЕО: Аплаузи и многу емоции, телата на Диого Жота и Андре Силва доцна синоќа пречекани во родниот Гондомар

Тишината низ улиците на Гондомар, родниот град на браќата Диого Жота и Андре Силва, синоќа во 23:30 часот беше прекината во моментот кога се слушнаа полициските сирени. Насобраните луѓе, обожаватели и почитувачи
Go toTop