Закерберг тивко го закопа Метаверс?

March 10, 2023
1 min read

За да се разбере посветеноста на Закерберг на Метаверс треба да се знае дека само за две години (2021 и 2022) Фејсбук изгуби речиси 24 милијарди долари заради инвестиции во Риалити лабс (компанија на Мета) која го изработува Метаверсот, а во 2021 тој својата империја (составена од Фејсбук, Инстаграм и Вотсап) ја пременува во Мета.

За Лук Олинга од Стрит, „погребот“ на Метаверсот се случува многу тивко на 27 февруари, кога Закерберг на Фејсбук објавува:

„Во Мета креираме нова продукт група на највисоко ниво која ќе биде фокусирана на генеративна вештачка интелигенција која ќе додаде турбо на нашата работа во оваа област.

Почнуваме со спојување на голем дел од тимовите низ компанијата што работат на генеративна вештачка интелигенција во една група фокусирана на изградба на одлични искуства околу оваа технологија.

На краток рок ќе се насочиме на изградба на креативни и експресивни алатки. На долг рок, ќе се фокусираме на развивање на АИ персони кои можат да им помогнат на луѓето на најразлични начини.“

Очекувањето на Олинга е дека остатоци на Метаверс ќе продолжат да се тетерават низ Мета, но проектот никогаш повеќе нема да го добие досегашното внимание. Според него, Закерберг на овој начин се спасил од понижувањето да мора јавно да го прогласи за мртов проектот кој го продаваше како иднината на интернетот.

„Користа на обичните корисници и фирмите е неспорна: ЧатГПТ, највидливиот израз на АИ напредокот, целосно го измени интернет пребарувањето. Сега можеме да добиваме налик човечки одговори на нашите пребарувања. Кај компаниите, репетитивните и досадните задачи ќе може да бидат ефикасно завршени од чатботови.

Во основа смената на парадигмата која се очекува од почетокот на интернет револуцијата е тука, и Закерберг го разбира ова и веднаш се префрли,“ пишува Олинга.

На истиот ден во ноември кога Закерберг на конференција на Њујорк тајмс порачува дека нешто помалку од 20% од сите инвестиции на Мета одат за Риалити лабс, ОпенАИ објави дека го пушта својот чатбот ЧатГПТ, кој од тогаш успева да убеди милиони луѓе дека „вештачката интелигенција е дел од нивниот живот и дека во иднина ќе доминира во нивната интеракција со технологијата.“

„Од сега веќе не му зборувајте на Закерберг за Метаверс.

Тоа беше врска која траеше доволно долго за тој да си најде нов предизвик,“ порачува Олинга.

ИЗВОР: off.net.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Големата археолошка изложба „Првите кралеви на Европа“ од 31 март во Чикаго

Следно

Чавушоглу во Анкара се состана со шефот на УНХЦР, Гранди

Latest from Blog

Лимани: Непријавувањето на насилството од страна на жртвите е еден од најсериозните проблеми, што е најчесто резултат од недовербата во институциите

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани учествуваше на панел дискусија по повод почетокот на 16 дена активизам против родово базирано насилство во организација на Агенциите на ООН во земјава,

ПОСТАВКА СО РЕТКО ИЗЛОЖУВАНИ ДЕЛА ОД КОЛЕКЦИЈАТА НА МСУ ЗАЕДНО СО ДЕЛА ОД СОВРЕМЕНИ УМЕТНИЦИ СЕ ОТВОРА НА 28 НОЕМВРИ

Изложбата „Прекршено време. И светот се пресоздава од тоа што го заборава“ ќе се отвори на 28 ноември во Музејот на современа уметност (МСУ) Скопје. Куратори на поставката се Ивана Васева, Благоја

Лидерот на СДСМ Венко Филипче на средба со претседателката Сиљановска-Давкова

Лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче и претседателката на државата Гордана Сиљановска – Давкова денеска ќе одржат работна средба. Како што соопштија од СДСМ, средбата ќе биде во Кабинетот на претседателката во
Go toTop