Голот на Вардар е регуларен, неспортски однос на Воска

April 22, 2025
1 min read

Средбата меѓу фудбалските тимови на Воска Спорт и Вардар во рамките на 28. коло на Првата македонска фудбалска лига не го доживеа својот крај.

Домашните фудбалери револтирани од неколку судиски одлуки реагираа импулсивно напуштајќи го натпреварот. За ова Вардар ќе добие службена победа, а можна е и бодовна казна за Воска.

Судиската организација направи анализа на спорните моменти од викенд рундата во мак-фудбалот. Според анализите, Воска не е оштетена во натпреварот со Вардар и голот за израмнување е назначен како регуларен.

Во анализата на Судиската организација се вели:

Натпреварот меѓу Воска и Вардар беше прекинат во 76. минута, откако домашниот тим го напушти теренот. Посочуваме дека реакцијата беше засновата врз субјективно толкување на моментот.

Видео-материјалите од посочениот момент при постигнувањето на израмнувачкиот погодок за гостинската екипа не потврдуваат никакво прекршување на правилата на фудбалската игра, ниту се погрешно интерпретирани. Одлуката на судијата не може да биде оценета како погрешна.

Одлуката на Воска Спорт да го напушти теренот претставува сериозен преседан, непрофесионален и крајно неодговорен чин. Тоа е во спротивност со духот на спортот, основните фудбалски причини и фер-плеј вредностите. Фудбалската игра подразбира почитување на процесите, институциите и правилата на играта, дури и кога има несогласување. Со самоволно прекинување натпревар во професионално натпреварување како ПМФЛ се испраќа недобредојдена порака. Ваквиот однос мора јасно и недвосмислено да биде санкциониран.

Оценката за судискиот тим од страна на контролорот Џенан Хајдари е оценет со високи 8,4. 

Целосната анализа за судењето во 28. коло на ПМФЛ погледнете ја на ОВОЈ линк.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Спектакуларна глетка од старо црешово дрво со планината Фуџи во заднина

Следно

Ердоган на средба го прими генералниот секретар на Советот на Европа, Берсет

Latest from Blog

Македонија ја зголемува енергетската сигурност со нови зелени капацитети

Македонија бележи забрзан развој на обновливите извори на енергија, а растот на инсталираните капацитети веќе ја надминува динамиката предвидена со Националниот план за енергија и клима (НПЕК). Ова е наведено во најновиот

Трамп повторно изјави дека се надева оти крајот на војната против Иран е близу

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека се надева дека крајот на војната против Иран е близу, бидејќи конфликтот, кој е во седмиот месец, ескалираше кога саудиските авиони  го бомбардираа Јемен, а  Хутите

Комуналец Прилеп со порака: Чиста Могила за уживање на сите

Парк-шумата Могила во Прилеп во моментов е чиста и уредна, информираат од ЈКП „Комуналец“ – Прилеп. Од претпријатието упатија благодарност до граѓаните кои со своето однесување придонесуваат просторот да остане чист и
Go toTop