Почнаа подготовките за локалните избори – Вреди прво ќе формира партија, а бара Таравари да излезе од Владата

April 22, 2025
1 min read

Политичките партии ги почнуваат подготовките во пресрет на локални избори наесен, веќе се прават калкулации кој како ќе настапи, дали ќе има изборни коалиции и со каква поддршка.

Од коалицијата ВРЕДИ велат дека се прават анализи во кои општини со кои кандидати ќе се излезе, но секако најпрво, како што најавија да ги завршат процедурите за формирање политичка партија наместо досегашната коалиција. Сепак во ВРЕДИ се уште постојат несогласувања со довчерашниот партнер претседателот на Алијанса за Албанците Арбен Таравари, за кој сметаат дека не треба да биде ниту во Влада.

„Мое мислење е дека не му е местото во оваа Влада, бидејќи се коси со политиките и принципите на формирањето на оваа Влада. Морално ќе биде самиот, штом посакува таква соработка тоа да го објави и да премине да соработува со ДУИ, не да го крие тоа пред членството и јавноста“, вели Изет Меџити.

За состојбата и превирањата во ВРЕДИ, премиерот Христијан Мицкоски најави дека ќе има средби и разговори но за сега се уште не е најавено кога ќе се одржи таа средба. Претседателот на едното крило на Алијанса за Албанците и министер за здравство Арбен Таравари деновиве отворено изјави дека повеќе не гледа простор за натамошна соработка со ВРЕДИ, но откри и дека е во разговори со ДУИ за соработка на вториот круг на локалните избори. Во меѓувреме, пак владиниот партнер ЗНАМ излегоа со став дека на изборите ќе настапат сами, но дека со ВМРО-ДПМНЕ се во разговори за меѓусебна поддршка во одделни општини.

„Ние во рамките на владиното партнерство веќе го почнуваме разговорите со нашиот владин партнер ВМРО-ДПМНЕ. Во делот за настапот на локалните избори партиското раководство размислува за самостоен настап на ниво на советнички листи, а во делот на соработка за изборот за градоначалници на општините размислуваме за соработка и заемна поддршка со ВМРО-ДПМНЕ“, вели Никола Мемов.

Засега од ВМРО-ДПМНЕ и од опозициската СДСМ нема конкретен став како ќе настапат на изборите. И од двете партии претходно изјавија дека веќе се прават подготовки за локалните избори, со анализи и анкети на кандидатите кои ќе се најдат на изборните листи за градоначалници и советници. Нема официјален став ниту од ДУИ, дали ќе одат како Европски фронт или сами.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Со „анархија, презир, безумие и гнев“ беа оценети политиките на министерот за култура на денешниот протест на Синдикатот

Следно

Спектакуларна глетка од старо црешово дрво со планината Фуџи во заднина

Latest from Blog

Божиновска на увид во изградбата: Гасоводниот интерконектор со Грција напредува со забрзано темпо

Гасоводниот интерконектор кон Грција влегува во значително поинтензивна фаза на реализација. По интензивната координација меѓу Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, НОМАГАС и грчкиот оператор ДЕСФА, динамиката на изградбата е засилена,

Проданоски: Прилеп доби модерен Центар за услуги – над 350 услуги за граѓаните на едно место

Прилеп е меѓу првите градови во државата каде што е отворен Центар за услуги на Министерството за дигитална трансформација, со што граѓаните ќе добијат побрз, поедноставен и поефикасен пристап до голем број

Денеска на Мундијалот: Европскиот првак на мегдан со силната Белгија

ФОТО:.facebook.com/SeFutbol/ Шпанија која на овој турнир влезе како најголем фаворит вечерва против Белгија, селекција која ги “збриша“ Американците во меч кој ќе го противникот на Франција во полуфиналето. „Фуријата“ сеуште нема примено

Путин ги отфрла повиците за мировни преговори, се подготвува за нови офанзиви

Рускиот претседател Владимир Путин ги отфрла повиците за мировни преговори со Украина и е решен да ја продолжи воената кампања, велат извори од Кремљ за Ројтерс.  Коментарите доаѓаат откако Трамп во понеделникот
Go toTop