Заедничка изјава на Туркије и Ирак: „Терористичката организација ПКК претставува безбедносна закана за двете земји“

March 15, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – По Состанокот за безбедносен механизам меѓу Туркије и Ирак објавена е заедничка завршна Декларација во која се нагласува дека терористичката организација ПКК претставува закана за двете земји, при што двете страни се консултираа за мерките што треба да се преземат против оваа организација и нејзините ограноци што како цел ја имаат Туркије користејќи ја ирачката територија, јавува Анадолу.

Министерот за надворешни работи на Туркије, Хакан Фидан, и заменик-премиерот и министер за надворешни работи на Ирак, Фуад Хусеин, се состанаа во Багдад со своите делегации.

Во заедничката завршна Декларација објавена по Состанокот за безбедносниот механизам на Туркије и Ирак е наведено дека на средбата, која е продолжение на разговорите одржани во Анкара на 19 декември 2023 година, разгледани се заедничките ставови за регионалните случувања и различните предизвици во билатералните подрачја.

На состанокот е разговарано и за подготовките за посетата на претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, на Ирак по месецот на постот Рамазан и се истакнува дека двете страни потврдиле дека ќе сторат сѐ за успех на оваа историска посета.

Одлучено е да се воспостават Заеднички постојани комитети меѓу Туркије и Ирак, кои ќе работат исклучително во областите на борбата против тероризмот, трговијата, земјоделието, енергетиката, водостопанството, здравството и транспортот.

Во Декларацијата е нагласена важноста што двете страни му ја даваат на политичкото единство, суверенитетот и територијалниот интегритет на Ирак, при што е истакнато и дека ПКК претставува безбедносна закана за Туркије и Ирак, а присуството на споменатата организација на територијата на Ирак претставува кршење на ирачкиот Устав.

Туркије ја поздрави одлуката на ирачкиот Совет за национална безбедност дека ПКК е забранета организација во Ирак. Се нагласува двете страни се консултирале околу мерките што треба да се преземат против организацијата и нејзините ограноци што како цел ја имаат Туркије користејќи ја ирачката територија.

Констатирано е дека двете земји размениле мислење за прашањата поврзани со регионот, особено за геноцидниот масакр во Газа. Притоа е потврдена нивната силна волја да се поддржи палестинското прашање.

На безбедносниот состанок меѓу Туркије и Ирак, кој се одржа во декември 2023 година, Ирак првпат ја дефинираше ПКК како терористичка закана, а овој пат и како забранета организација.

Покрај тоа, одлуката на Советот за национална безбедност првпат ѝ е претставена на јавноста, првпат е спомената заедничката борба и нагласено е дека ПКК ја користи ирачката територија за напади на Туркије.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Претседателските избори во Русија ќе траат три дена

Следно

Тепани мигранти, трка по пасоши и пропаднати странски инвестиции

Latest from Blog

НАД МИЛИОН ЛУЃЕ НА ПОГРЕБОТ НА САИФ АЛ ИСЛАМ ГАДАФИ, силен одговор против насилството и “арапската пролет“ (ФОТО)

Повеќе од 1.000.000 луѓе присуствуваа на погребот на Саиф ал-Ислам Гадафи, син на убиениот либиски лидер Моамер Гадафи, мавтајќи со зелени знамиња, симбол на владеењето на неговиот татко, објави „Ле Фигаро“. Саиф

Петрушевски: Додека Апасиев го плаќаа од СЈО, ги величеше. Кога чешмата секна, почна да ги плука.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, преку објава на социјалните мрежи остро реагираше на мемето што го објави лидерот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев, обвинувајќи го за популизам, лицемерие и злоупотреба на

Коњановски со битолските ловци на традиционална ловечка забава

На покана на Здружението за ловци „СОКОЛ“ – Битола, под мотото „ЗАЕДНО ЗА ТРАДИЦИЈА“, градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, присуствуваше на ловечката забава организирана од здружението. Настанот помина во духот на

Трамп и конфликтот со Европа: ЗАД СЕ СТОИ ТАЈНИОТ АРХИТЕКТ НА НОВАТА АМЕРИКАНСКА ПОЛИТИКА

Веројатно никогаш не сте слушнале за Енди Бејкер. Но, тој е водечкиот интелектуалец во Советот за национална безбедност (НСЦ) чии потези би можеле да ја одредат иднината на надворешната политика на Републиканската
Go toTop