Забраната за употреба на српскиот динар во Косово, главна тема на утрешниот дијалог Белград-Приштина

February 26, 2024
1 min read

Фокус на утрешната средба во Брисел во рамки на дијалогот меѓу Белград и Приштина ќе биде ставен на изнаоѓање решенија за отворените прашања, најави денеска портпаролката за Европската комисија за надворешни работи и безбедносна политика Набила Масрали.

Според неа, главна тема на утрешниот дијалог ќе биде неодамнешната одлука на косовската Централна банка за забрана за користење на други валути во Косово, освен еврото.

– Средбата ќе се одржи во вообичаениот формат за дијалогот и колку што знам, учеството е потврдено. Сепак, со повеќе детали ќе ве информираме подоцна, изјави Масрали во одговор на новинарско прашање околу најавите на Приштина дека нивни претставници нема да учествуваат на утрешната средба, бидејќи била закажана без консултација со косовските власти.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, ЕУ претходно изрази жалење поради тоа што одлуката на косовската Централна банка за забрана на користењето на други валути во Косово освен еврото од 1 февруари, е донесена без претходни консултации, оценувајќи дека таа може да има последици врз српската и врз другите косовски заедници, бидејќи не остава простор за други алтернативи.

Според ЕУ, во Косово има институции, вклучително и училишта и болници, кои „функционираат во друга рамка“ добивајќи финансиска поддршка од Србија и ним им треба време да се прилагодат на ваквата одлука.

ЕУ оцени дека ќе беше посоодветно пред да биде донесена за оваа одлука да се разговараше во рамки на дијалогот Белград-Приштина за да се најде практично решение и побара воведување преоден период за стапување во сила на мерката.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Одбележани две години од руската агресија во Украина

Следно

Почина американскиот војник Арон Башнел кој се запали пред израелската Амбасада во Вашингтон

Latest from Blog

Аргентина им ги отвори вратите на богатите- пасош се продава за 350.000 долари, со опција од 800.000

Јужноамериканската земја ја започнува првата програма за државјанство преку инвестиција во Јужна Америка, која ќе им овозможи на богатите странци да добијат аргентинско државјанство преку директен финансиски придонес во државата или купување

Казна со бодови не е доволна: Премиерлигашите бараат исфрлање на Манчестер сити?!

Ривалите на Манчестер Сити сметаат дека обично одземање бодови не би било доволна казна за прекршоците за кои клубот беше прогласен за виновен. Независна комисија го прогласи Сити за виновен за сериозни

Се урна воен авион со 32 патника во Нигерија- пронајдени се делови на тела (ВИДЕО)

Воен авион со 25 патници и седум членови на екипажот се урна во јужна Нигерија, што предизвика масовна операција за пребарување и спасување, соопштија властите, според Independent.co.uk. Министерот за воздухопловство на Нигерија,
Go toTop