Одбележани две години од руската агресија во Украина

February 26, 2024
1 min read

На одбележувањето на двегодишнината од почетокот на руската агресија, украинската амбасадорка во земјава, Лариса Дир побара поголема воена помош за својата држава. Таа истакна дека во Украина се води војна против демократскиот свет, но аспирациите на официјален Киев ќе продолжат да бидат членство во НАТО и ЕУ. Според амбасадорката, Украина и сред урнатини и рушевини ќе продолжи да го усогласува украинското со европското законодавство, а за сите овие цели и е потребна помош. Дир побара од земјите сојузнички да размислуваат за заедничко производство на оружје со Украина, како и да се зајакнат санкциите против Русија.

„Украинските војници ги чуваат небото и земјата. Им недостига оружје. Украинските цивили се обидуваат да го прилагодат својот живот со секојдневните ракетни гранатирања. Им недостигаат системи за противвоздушна одбрана“, рече Лариса Дир, амбасадорка на Украина.

Претседателот Стево Пендаровски нагласи дека Македонија ќе продолжи да биде на вистинската страна на историја. Според него, влогот во одранбената војна што ја води Украина е огромен, зашто последиците ги надминуваат нејзините граници. Пендаровски нагласи дека е неопходно да се постигне мир по мерка на Украинците, а евентуалното отстапување територии на Украина за мирот да се постигне, само ќе означува легитимирање на злосторствата.

„Успесите на Украина денес не зависат само од волјата и потенцијалите на украинската армија, туку и од финансиската, логистичката и пред се воена помош која таа мора да ја добива. Секоја поинаква калкулација во овој контекст ќе доведе до уште поголеми страдања, разрушувања во Украина и неизвесност за сите нас“, рече Пендаровски.

Пендаровски најави дека наскоро во Тирана, каде ќе присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, земјите од регионот ќе ја реафирмираат поддршката и помошта кон Украина.

Лука Андреев

Извор: alsat.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Неделен хороскоп од 26 февруари до 3 март: Голема трансформација за еден знак

Следно

Забраната за употреба на српскиот динар во Косово, главна тема на утрешниот дијалог Белград-Приштина

Latest from Blog

ЦРВЕНИОТ ПЛОШТАД КАКО ЦРВЕНА ЛИНИЈА: Наместо тенкови, драматична историја би можела да се тркала низ Москва

Овогодинешната воена парада на Црвениот плоштад во Москва, која се одржува секоја година на 9 мај за да се одбележи падот на нацистичка Германија, ќе биде, како што веќе можете да забележите,

SIGAL Life Insurance Group – Сигурност со европски квалитет, мост меѓу локалните потреби и глобалните трендови

Интервју со Александра Шкемби Антовска, генерален директор на SIGAL Life Insurance Group, осигурителна компанија која долго и успешно опстојува на македонскиот пазар и е лидер во осигурувањето во регионот. Друштвото за осигурување „SIGAL Македонија“

Трамп: Русија и Украина договорија тридневно примирје- тоа е почеток на крајот на војната

Трамп го објави ова на социјалната мрежа Truth Social, наведувајќи дека за време на примирјето ќе бидат суспендирани сите борбени активности и ќе биде спроведена размена на 1.000 воени заробеници од секоја
Go toTop