„За што да работам јас?“ – Призводителите со трактори на блокади, бараат средба со премиерот!

May 6, 2025
1 min read

Оризопроизводителите од населените места во општина Чешиново-Облешево излегоа на протест и со земјоделска механизација ја блокираа едната коловозна лента од магистралниот пат Кочани – Штип за да го изразат незадолството од актуелните политики на почетокот на сеидбената сезона.

На протестот земјоделците изнесоа три барања за кои очекуваат брзо исполнување од надлежните институции. Министерот за земјоделство Трипуновски се сретна со нив и ги информирал дека се прават максимални напори за исполнување на планот за наводнување, при што ќе се води контрола за распределбата и рационалното користење на водата. За субвенциите рекол дека поддршката се реализира според планот и дека парите земјоделците ќе ги добијат на нивните сметки токму кога најмногу им се потребни.

„Првото барање е корекција на предлог-планот за наводнување на територијата на општина Чешиново-Облешево, второто барање е корекција во исплатата на субвенцијата од 6 денари за килограм, при што тоа да биде за целата предадена арпа, а не за 800 килограми арпа по пријавена површина. Така беше договорот со надлежните органи во државата. Третото барање е што побргу да почне откупот за стоковите резерви“, вели Стојче Ташовски.

„Земјоделците од општината Чешиново-Облешево бараат прием крај премиерот, премиерот да ги разбере овие наши работи. Јас лично, лани оризот го дадов по цена 39 денари, а сега го давам 26 денари. 13 илјади евра сум во загуба. За што да работам јас“, вели Коце Ангелов.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Циркус Медрано во Владата, Мицковски ги построи лидерите на албанскиот коалициски партнер

Следно

Дипломатски скандал: Албанскиот амбасадор во Скопје, Денион Меидани, зазема политичка страна

Latest from Blog

Аксиос: Турција, Египет и Пакистан посредуваат меѓу САД и Иран за смирување на конфликтот

Високи претставници на трите земји одржаа одделни разговори со претставникот на Белата куќа, Стив Виткоф, и шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, наведе извор пренесен од американскиот портал. „Медијацијата е во тек

Повторно ќе сведочи ,,клучниот” сведок за грабнувањето на внукот на Љубе Бошкоски, Самоил

Поминаа три години од денот кога му се изгуби секаква трага на Самоил Костадиновски, кој е внук од брат на сопругата на поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски. Тој бил киднапиран,
Go toTop