Дипломатски скандал: Албанскиот амбасадор во Скопје, Денион Меидани, зазема политичка страна

May 6, 2025
1 min read

Амбасадорот на Република Албанија во Скопје, Денион Меидани, го заборава дипломатскиот протокол и си игра со оган во матните води на внатрешната политика на Северна Македонија, пишува БЛИЦ.МК

Наместо достоинствено да ја претставува албанската држава и да го зачува задолжителниот неутралитет, амбасадорот Меидани презема невиден чекор, лајкнува објава на Арбен Таравари, со која тој го иронизира актуелниот владин албански коалиционен партнер во владата на Република Северна Македонија – ВЛЕН.

Објавата на Таравари, во која пишува: „Реакција? Не ВРЕДИ!“ е јасна политичка стрела, но поважно од нејзината содржина е јавната реакција на еден дипломат кој претставува друга држава, Албанија во земја каде што Албанците се државотворен фактор и каде што вакви ставови може лесно да се протолкуваат како мешање во внатрешните прашања.

Дали ова е личен став или сигнал за нова политичка насока на официјална Тирана? Тоа останува да се разјасни. Но, едно е сигурно: Амбасадорот не е политички аналитичар, ниту партиски активист, тој е претставник на Претседателот и Владата на Република Албанија во суверена држава.

Дали министерот за надворешни работи на РСМ треба да го повика амбасадорот Меидани на официјален разговор? Молкот пред ваков потег значи нормализација на дипломатското мешање во внатрешнополитичките дебати. Тоа не е само опасен преседан, туку и навреда за државата домаќин и за албанската заедница која заслужува достоинствена, а не инструментализирана претстава од надвор.

Наместо да биде мост на соработка меѓу двете држави, амбасадорот се претвора во гласноговорник на еднострани симпатии. Неговата улога не е да се меша во дневната политика, туку да гради мостови, да остане неутрален и да ја зајакнува соработката меѓу двете држави во духот на заемна почит и суверенитет.

Амбасадорот не е „фејсбук инфлуенсер“, тој е претставник на една држава, и тоа носи одговорност.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„За што да работам јас?“ – Призводителите со трактори на блокади, бараат средба со премиерот!

Следно

Селими во Отворено: Оваа влада има сериозен проблем со етничкиот легитимитет

Latest from Blog

Видео-фото: Трамп и Си Џинпинг испратија пораки за подобрување на односите меѓу САД и Кина

Двајцата лидери разговарале за трговијата, технологијата, вештачката интелигенција и стратешкото ривалство меѓу двете најголеми светски економии. Трамп на свечената вечера во Белата куќа оцени дека, и покрај различните политички системи, врските меѓу

АБТЦ и „Тиквеш“ меѓу гостите на престижниот годишен ручек на Трговската комора на Илиноис во Америка

Американскиот Балкански Трговски Центар (АБТЦ) и винарската визба „Тиквеш“ беа меѓу гостите на овогодинешниот престижен годишен ручек организиран од Трговската комора на Илиноис, на кој присуствуваа претставници на водечки компании во државата,

Далиќ започна на блескав начин како селектор на ОАЕ

По речиси една деценија брилијантно водење на хрватската репрезентација, Златко Далиќ одлучи да замине во Азија, каде што ја презеде селекцијата на Обединетите Арапски Емирати. Синоќа тој дебитираше за новата репрезентација и
Go toTop