Циркус Медрано во Владата, Мицковски ги построи лидерите на албанскиот коалициски партнер

May 6, 2025
1 min read

Нема вести од средбата во Владата, меѓу премиерот Христијан Мицкоски и лидерите на коалицијата Вреди, Изет Меџити, Биљал Касами и Зеќирија Ибрахими. Се очекува разврска дали Арбен Таравари ќе добие уште „една поправна шанса“ за да остане во Владата или пак, тој ќе си оди.

Како што беше претходно најавено, на средба се очекува да се разговара за опсанокот на владината коалиција во сегашниот постоечки состав.

Вчера од штурите информации, пласирани по средбата Мицкоски – Таравари, произлезе дека засега Таравари останува во Владата. Конечнио епилог ќе се знаел до крајот на месец мај.

По ваквата разрешница лидерите на коалицијата Вреди најавија дека се разочарани, бидејќи за нив е неприфатливо лидерот на Алијанса за Албанците да биде дел од извршната власт, поради признанието дека Арбен Таравари имал комуникација со Али Ахмети.

„Малку е чудна идејата на Таравари да остане во Владата, бидејќи тој само рече дека ВРЕДИ се додворува, така што некој сигурно многу се додворувал синоќа на состанокот за да остане во Владата. Затоа што зборуваме за Премиер кој за Арбен Таравари бил многу добар, додека за ВРЕДИ тоа било додворување и партија која седи со сила и остава лош впечаток во јавноста. Г. Таравари сè уште е министер на ВРЕДИ, односно функцијата министер и застапеноста во Владата ја има во рамки на ВРЕДИ и благодарение на ВРЕДИ“, вели Беким Ќоку, новиот координатор на Вреди.

Реагираше и Изет Меџити преку објава на друштвените мрежи каде зборува за дадениот збор, а во меѓувреме спомнува и рокови.

„Дадениот збор – БЕСА- е една од главните столбови на честа кај Албанците. Беса е вербата, честа и одговорност кон дадениот збор. Човек кој дава Беса е морално и духовно поврзан за да го одржи тоа ветување и тоа многу ќе го чини. Кога не се почитува дадениот збор, лебот е скршен. А скршениот леб не може да се залепи ниту со еднострани средби, ниту со месечни рокови“, вели Изет Меџити.Инаку вчерашната средба меѓу премиерот Мицкоски и лидерот на Алијанса за Албанците, Таравари, се одвиваше зад затворени врати. Немаше ниту изјави ниту официјални соопштенија. Последниот став на Таравари беше доколку одлучат да соработуваат со ДУИ немаат што да бараат во Влада. Засега тој рече дека единствената одлука на Алијанса за Албанците е на локални избори да настапат со посебни листи за општински советници. Меѓутоа тој рече дека одлуките ги носат партиските органи врз основа на демографската структура на одредена општина за евентуална соработка.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ФФМ: Згрозени сме, но и решителни – овој срам нема да остане неказнет

Следно

„За што да работам јас?“ – Призводителите со трактори на блокади, бараат средба со премиерот!

Latest from Blog

Видео-фото: Трамп и Си Џинпинг испратија пораки за подобрување на односите меѓу САД и Кина

Двајцата лидери разговарале за трговијата, технологијата, вештачката интелигенција и стратешкото ривалство меѓу двете најголеми светски економии. Трамп на свечената вечера во Белата куќа оцени дека, и покрај различните политички системи, врските меѓу

АБТЦ и „Тиквеш“ меѓу гостите на престижниот годишен ручек на Трговската комора на Илиноис во Америка

Американскиот Балкански Трговски Центар (АБТЦ) и винарската визба „Тиквеш“ беа меѓу гостите на овогодинешниот престижен годишен ручек организиран од Трговската комора на Илиноис, на кој присуствуваа претставници на водечки компании во државата,

Далиќ започна на блескав начин како селектор на ОАЕ

По речиси една деценија брилијантно водење на хрватската репрезентација, Златко Далиќ одлучи да замине во Азија, каде што ја презеде селекцијата на Обединетите Арапски Емирати. Синоќа тој дебитираше за новата репрезентација и
Go toTop