За нови избори се токмат десетици нови правила

June 12, 2026
2 mins read

На евентуалните предвремени парламентарни избори кои сè повеќе се најавуваат од страна на првиот човек на Владата, Христијан Мицкоски, може да се оди со неколку десетици нови изборни правила. Носењето нови изборни правила во форма на нов Изборен законик, според сознанијата, доаѓа како потреба по денешната работа на меѓупартиската работна група во Министерството за правда. Групата денеска, како што и неодамна беше најавено од страна на Министерството за правда, ги разгледувала и последните конкретни решенија кои би биле вградени како нови изборни правила, а се предложени од институциите како ДИК, ДКСК, АВМУ и други

– На покана на Министерството за правда, на седницата присуствуваа претставници на институциите кои претходно доставија предлози, мислења и препораки во рамки на процесот на подготовка на измените на Изборниот законик, за кои беа потребни дополнителни појаснувања. Со цел обезбедување поцелосна и поаргументирана расправа, институциите имаа можност непосредно пред членовите на Работната група да ги презентираат своите предлози и да дадат дополнителни образложенија по прашањата кои беа предмет на разгледување. Веќе следната недела ќе бидат вградени усогласените решенија во текстот на предлог-законот за изменување и дополнување на Изборниот законик, кој ќе биде доставен до членовите на Работната група за дополнителен увид и евентуални забелешки – соопшти денеска Министерството за правда.

Досега, претставници на политичките партии, без учество на најголемата опозициска партија СДС, договориле неколку десетици нови законски решенија кои ќе бидат подготвени за усвојување. Но, и тоа ќе биде неизвесно со оглед на можноста опозициските социјалдемократи да го искористат правото на „филибастеринг“ и со што носењето на новите изборни правила, практично, би било блокирано. Од редовите на социјалдемократите досега изјавуваа дека одлуката за тоа ќе ја носат откако ќе видат што е договорено од работата група. Тие решија да не учествуваат како израз на незадоволството поради неодамнешното укинување на моделот на пржинската влада без нивна согласност.

Неофицијалните извори за весникот ВЕЧЕР наведуваат дека досега усогласените неколку десетина одредби најмногу се базираат врз основа на изборните препораки на ОБСЕ и ОДИХР. Членовите се усогласиле за одредбите кои се однесуваат на користењето буџетски средства на институциите во изборната кампања, користењето службени профили на институциите на социјалните мрежи за време на избори и изборна кампања, огласите и постапките за вработувања, како и за изземањето лица со специфични професии од изборниот процес, како на пример, медицински лица. Дел од усогласувањето се однесувал и на субјектите кои го добиваат избирачкиот список и роковите во кој рок. Договорено било и решението за соодветна поделба на државните пари за изборното рекламирање на партиите. Односно, да се отклони спорната недореченост во сè уште актуелниот Изборен законик, со која правото на државни пари за кампања го имаат само по две партии од власта и од опозицијата и оние партии кои немаат пратеничка група бидејќи имаат помалку од петмина пратеници, но не и партиите кои имаат, на пример, по шестмина пратеници, каков што на минатите избори беше случајот со Движењето ЗНАМ и „Левица“. Во законскиот текст најверојатно ќе се најде и одредбата со која ќе се забрани забрзано формирање на интернет-портали со цел да добиваат државни пари од партиски реклами, како обврската да бидат регистрирани со доменот „мк“, односно да се регистрирани во Македонија.

На денешната седница, според неофицијални информации, не било зборувано за воведувањето на нов изборен модел со една изборна единица. Причина било што не можело да се постигне консензус на партиите. Тоа, извесно, значи дека на ново гласање ќе се оди по стариот модел со шест изборни единици.

Извор: zurnal.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Проданоски: Прилеп 60 години е чувар на фестивалот „Војдан Чернодрински“

Следно

Зеленски: Пешадијата на фронтот би можела да заработува до 6.000 евра месечно

Latest from Blog

ЛШ: Историска ноќ и победа за Комо, „петарда“ за Бодо во Минхен, Манчестер Ј. силно против Сабах

Комо со стил дебитираше во Лигата на шампионите. Тимот предводен од Сеск Фабрегас славеше со 3:1 против Лајпциг на „Синигалија“ и оствари историска победа во своето прво појавување во елитното европско натпреварување.

САД до сојузниците во НАТО: Напуштете го Меѓународниот кривичен суд и прекинете им ја поддршката

На состанокот на амбасадорите на 32 членки на НАТО зад затворени врати во Брисел кон средината на јули, американскиот претставник Метју Витакер побара од сојузниците да го напуштат Римскиот статут, основниот документ

Медведев: Нашето трпени не е бесконечно, останува нуклеарната опција

Во интервју објавено денес, Медведев ги отфрли толкувањата дека реториката на неговата земја за употребата на нуклеарно оружје е само низа „навестувања“, објави весникот „Ведомости“. „Ова не е тактика на заплашување, туку

Лавеци има сериозни психички проблеми (ВИДЕО)

Некогашната аергентинска фудбалска звезда, Езекил Лавеци, кој славата ја стекна во Наполи односно ПСЖ, во моментов има 41. година и објави во јавноста дека се соочува со сериозни психички проблеми. Додаде дека
Go toTop