За 300 отсто поскапеа дел од катастарските услуги, за имотен лист наместо 1,250 денари, ќе треба да се плати најмалку 3.750 денари

February 20, 2024
1 min read

И до 300 отсто се посапени дел од катастарските услуги откако Владата дала согласност за зголемување на цените предвидени со Тарифникот на Агенцијата за Катастар, а кој стапи на сила на 15-ти февруари.

Така, при купување нов стан и упис во Катастар, за имотен лист наместо 1,250 денари, граѓаните ќе треба да платат најмалку 3.750 денари, објави телевизија Сител.

Досега, при промена на сопственост, во еден имотен лист се запишуваше покрај квадратурата на станот и дел од заедничките простории, како и дел од земјиштето под зградата. Сега, ќе треба да се плати за секој имотен лист посебно, што значи 3-те листа граѓаните ќе ги чини 3,750 денари, плус 600 денари за нотарски услуги. Ако купуваат и гаража, ќе треба да платат за уште еден имотен лист, односно дополнителни 1.250 денари.

Значително е поскапувањето и за инвеститорите на инфраструктурни објекти. За предбележување на имотен лист во фаза на градба ќе се плаќа по 5,250 денари по имотен лист. Истата сума е и за предбележување како услов за запишување на инфраструктурните објекти. За бришење на предбележување услугата чини 2,625 денари.

Поскапување има и кај премерот што го прават геодетите, како и за самото изготвување на планот. Причините за зголемување на цените е поради зголемените реални трошоци (струја, гориво, лиценци за софтвери, одржување на опрема, зголемувањето на платите и сл.), кои се основа за пресметување на надоместокот, а се однесуваат за извршување на геодетски работи.

-Сведоци сме на големото зголемување на цените на режиските трошоци (струја, гориво, лиценци за софтвери, одржување на опрема, плати и сл.) во изминативе неколку години. Цените пак, на услугите кои ги обезбедуваат геодетските друштва се непроменети изминативе 10 години (последниот Тарифник е донесен во 2014 година и цената на струја/ гориво и сл. е енормно зголемена од тогаш до денес). Примената на новиот Тарифник за геодетските друштва ќе значи изедначување на зголемените реални трошоци и цените кои друштвата ги наплаќаат за вршење на своите услуги (работа без загуби), а тоа ќе придонесе за испорачување на поквалитетна услуга кон крајните корисници, изјавија од АКН за МИА.

Извор: skopskoeho.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ИЗБОРИ 2024: Џафери: Ахмети нема да прифати кандидатура за претседател

Следно

Челзи сака да го ангажира Кејн на лето

Latest from Blog

Жртва на Епштајн: Еден ден, масерката ме покани во неговата соба

Жената, идентификувана само како Роза, сведочеше заедно со неколку други жртви на Епштајн на сослушување организирано од демократски конгресмени. Роза рече дека била регрутирана како тинејџерка од Узбекистан од страна на соработникот

ЈКП “Комуналец“ – Прилеп продолжува со уредување на зеленилото во градот

ЈКП Комуналец – Прилеп продолжува со реализација на Оперативниот план за ново засадување и обновување на дрвја, зимзелени и грмушкасти растенија низ градот. Во рамки на активностите во населбата „Димо Наредникот“, на

Комуналец – Прилеп: Продолжува обновата на зелените површини

ЈКП Комуналец – Прилеп продолжува со реализација на Оперативниот план за ново засадување и обновување на дрвја, зимзелени и грмушкасти растенија низ градот. Во рамки на активностите во населбата „Димо Наредникот“, на

Усвоено: Путин ќе може да нападне која било земја во светот? СО ВОЕНА ИНТЕРВЕНЦИЈА ЌЕ ОСЛОБОДУВА РУСИ ПРИВЕДЕНИ ВО СТРАНСТВО

Во среда, рускиот парламент донесе закон со кој му се дозволува на претседателот Владимир Путин да нареди инвазија на странски земји. Според законот, Москва законски ќе може да испраќа војници во странство
Go toTop