За 3-4 месеци пак ли ќе има проблем со ЈСП „Скопје“?

January 23, 2024
2 mins read

Повеќе од десетина часа скопјани вчера немаа јавен градски превоз. Иако прекинот беше најавен, луѓето имаа проблеми – учениците не можеа да одат и да се враќаат од училиштата, постарите не можеа да одат на лекар и да завршуваат работни и други обврски… Зошто ова не се спречи?

Во меѓувреме, можеше да се гледа повторно иста слика во Советот на Град Скопје. Бескрајни советнички и партиски натегања околу тоа дали да се исплатат нови субвенции на ЈСП „Скопје“ или доста е од тоа. Сега се работеше за исплата на 11 милиони евра откако во октомври беа исплатени околу 1,8 милиони евра.

Големи пари.

И пак се слушаа исти натегања: едните – советници од ВМРО-ДПМНЕ се спротивставуваа на исплатите бидејќи бараа отчет за потрошеното, имаа сомнежи дека парите се трошат нерационално, дека директорот не функционира како што треба…, другите – се согласуваа со исплатата без објаснувања.

А зошто немаше објаснувања-отчет и потоа работата да си тече како што треба?

На крајот, по една неуспешна седница мораше да се одржи и втора за да исплатата сепак се изврши. Сепак сите увидоа дека скопјани ќе бидат осудени да немаат превоз.

И, вака ли ќе прават на секои 3-4 месеци? Дали со ова се реши проблемот со функционирањето на најголемиот градски превозник ЈСП „Скопје“?

Не. Проблемот не е решен.

А мора да се затвори прашањето: како да се финансира ЈСП кое бара доста пари? На сила сега е моделот: свикај седница на Совет и изгласај субвенции од неколку милиони евра. Тоа е така заради обврската која му е наметната на ЈСП да мора да вози бесплатно или со ниски цени за многу категории граѓани. Претпријатието не може да заработува реални пари колку што му се потребни. Па така, на неколку месеци се свикуваат седници кои се претвораат во арена за партиски конфронтации и водење на кампањи. А суштината е во тоа како да се обезбеди јавност во трошењето на парите што ќе му се дадат на ЈСП „Скопје“. Доколку е тоа проблем, тогаш, еве, нека советниците си одржат посебна седница на којашто ќе ги договорат механизмите како ќе се прави увид и ќе се добиваат прецизни финансиски извештаи. Во спротивно, на следна седница пак ќе се слушат истите рефрени и нема да се гласаат субвенциите, пак ќе има прекини на сообраќајот…

Или, ако е проблем со големиот број на граѓани кои користат бесплатен јавен превоз, тогаш нека се преиспита оправданоста на ваквата мерка. Ако е очигледно дека Советот не може да обезбеди уредна исплата на субвенции тогаш нека се преиспита оправданоста на ова. Но, наместо ова, се даваат ветувања дека ќе има и целосно бесплатен превоз…

Сега е, очигледно, момент нешто темелно да се реши во однос на статусот и функционирањето на јавниот превоз во градот. И тоа мора да биде главен приоритет на Советот и на градоначалникот на Скопје. А потоа, би можеле да размислуваат и за негово модернизирање и за тоа што да се прави со концептот за БРТ, за неискористениот кредит од 70 милиони евра. Во спротивно, градските автобуси ќе возат кон слепи улици.

Извор: skopskoeho.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Фон дер Лајен и Руте се состанаа со членовите на Претседателството на БиХ

Следно

ПОЧИНА КАНАДСКИОТ РЕЖИСЕР ОСКАРОВЕЦ НОРМАН ЏУИСОН

Latest from Blog

ФОН ДЕР ЛАЈЕН ДЕНЕСКА ПРЕДЛАГА РАДИКАЛЕН ПЛАН! Се очекува потрес во Брисел

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, пред Европскиот парламент ќе ја претстави најрадикалната промена на европската безбедносна архитектура и соработката во рамките на западното сојузништво предводено од НАТО, покажува ексклузивниот

Семејството на Македон со благодарност до Божиновска: „Покажавте дека зад функцијата стои човек со срце“

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска доби јавна благодарност од семејството Димитровски за поддршката што, според нивните наводи, му ја дала на нивниот син Македон во процесот за приклучување

Со многубројна публика заврши четвртото издание на „Taste the South“

По три дена исполнети со традиционални вкусови, музика, дегустации и дружење, во Гевгелија заврши четвртото издание на гастрономско-музичкиот фестивал „Taste the South“, кој се одржа со поддршка од Општина Гевгелија. Од 11

Трамп се огласи за барањето за помилување на Линдзи Кленси, која си ги уби трите мали деца

Доналд Трамп го прекина молчењето во недела, 13 септември, откако адвокатот на Линдзи Кленси јавно го повика да интервенира во нејзиниот случај, вклучително и барање за помилување кое претседателот нема овластување да
Go toTop