Вучиќ за ставот на Србија кон Русија и Украина: Tоа не е хибридна, туку многу јасна позиција на слободна земја која носи свои одлуки

February 29, 2024
1 min read

Србија нема потпишано никаков договор со Украина за оружје и муниција, изјави денеска во Тирана српскиот претседател Александар Вучиќ по самитот Украина – Југоисточна Европа.

Домаќини на вториот самит Украина – Југоисточна Европа во Тирана беа украинскиот претседател Володимир Зеленски и албанскиот претседател Еди Рама.

„Не, ние не потпишавме никакви аранжмани со претседателот Зеленски. Ние го поддржуваме територијалниот интегритет на Украина, а тие го поддржуваат територијалниот интегритет на Србија. И ние сме им длабоко благодарни. Двете земји ги поддржуваат прописите на Повелбата на ОН и резолуциите на ОН, кои се темел и основа на меѓународното јавно право“, рече Вучиќ.

Според известувањето на агенцијата „Танјуг“ од Тирана, ова бил неговиот одговор на прашањето на неименуван странски медиум да коментира како во средата во Тирана ја потпишал декларацијата со која се осудува руската агресија врз Украина, а во исто време рекол дека Србија не воведува санкции за Руската Федерација. Дополнително прашање беше зошто Србија ќе одржи таков хибриден однос кон Украина и Русија и дали има потпишано некакви конкретни договори со украинскиот претседател за оружје или муниција.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во средата во Тирана, на самитот со лидерите од регионот, изјави дека Украина е заинтересирана за заедничко производство на муниција со земјите од Југоисточна Европа и најави почнување на украинско-балканскиот форум за одбранбена индустрија. Земјите од регионот имаат развиена воена индустрија, а особено Србија и БиХ имаат производство на муниција. Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ неодамна најави отворање фабрика за муниција во Хрватска.

Коментирајќи го официјалниот став на Србија кон Русија, Вучиќ нагласи дека тоа не е хибридна позиција, туку „многу јасна позиција на слободна земја, која носи свои одлуки за себе и за доброто на својот народ“.

На новинарско прашање дали Србија ја почитувала декларацијата на ЕУ според која рускиот претседател Владимир Путин е одговорен за убиството на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, Вучиќ рече дека Србија не се усогласувала по овие прашања и дека е важно да води „самостојна политика, независна и да се оценува од случај до случај“.

Радио Слободна Европа претходно денеска, повикувајќи се на дипломатски извори во Брисел, објави дека Србија не ја почитувала декларацијата на ЕУ, во која одговорноста за смртта на Навални му се припишува на рускиот претседател.

Извор: skopskoeho.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ќе се пренамени ли Домот на културата во Штип во дискотека?

Следно

Како Шведска му докажа на светот дека греши со карантините

Latest from Blog

Проданоски: Детските насмевки се најголемата победа на велосипедската трка

Над 200 деца учествуваа на „Ептен мини детската велосипедска трка“, која денеска се одржа на булеварот „Гоце Делчев“ во Прилеп. Најмладите велосипедисти возеа со поддршка од родителите и најблиските, проследени со аплаузи

Општина Битола: Училиштата добиваат обновени терени, продолжува изградбата на спортските сали

Изградбата и реконструкцијата на 24 училишни спортски терени и четири типски спортски сали ја одбележуваат годинава во Битола, информираат од Општината. Дел од проектите се завршени, додека останатите се во фаза на

Николоски: Околу шест милиони евра инвестираме во инфраструктурниот развој на Кичево

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оставри работна посета на општина Кичево, каде со градоначалникот Александар Јовановски изврши увид во реконструкција на улица Рудничка. Ова е проект

ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси

Македонија не смее да го пропушти моментумот што се создава во Европа во однос на обезбедувањето критични минерални суровини и да дозволи потенцијалот на домашните наоѓалишта, меѓу кои и Иловица–Штука, да остане

Општина Битола: Градот го слави ослободувањето низ „Сите бои на сеќавањето“

Под слоганот „Сите бои на сеќавањето“, Битола го одбележува 4 Ноември, Денот на ослободувањето на градот, со програма што ги поврзува историската меморија, културата, спортот и хуманоста. Настаните се одржуваат од 30
Go toTop