Вучиќ: Ана Брнабиќ кандидат за претседател на парламентот, Шапиќ за градоначалник на Белград

March 6, 2024
1 min read

Претседателот на Србија и член на СНС, Александар Вучиќ изјави дека на седницата на Претседателството на СНС било договорено кандидат за претседател на Собранието на Србија да биде Ана Брнабиќ, а кандидат за градоначалник е Александар Шапиќ, јави дописникот на МИА од Белград.

-Ана Брнабиќ е моето најпозитивно изненадување, таа најмногу напредуваше, се бореше толку силно и храбро, изјави претседателот Александар Вучиќ.

Тој се осврна и на поранешниот претседател на Собранието Владимир Орлиќ.

-Верувам дека Орлиќ ќе има значителни обврски на друго место, рече Вучиќ.

Како што додаде, за таа функција повторно кандидат е актуелниот градоначалник на Белград, Александар Шапиќ.

Вучиќ најави дека составот на новата Влада на Србија и мандатарот ќе биде предложен за седум до десет дена.

По изјавата на Вучиќ се огласи премиерката на Србија, Ана Брнабиќ која изјави дека најголема чест во животот и е што била седум години на чело на Владата на Србија. Таа изјави дека функцијата претседател на Народното собрание, за која е предложена, ќе биде голем предизвик за неа.

-Направивме многу работи и мојата најголема чест беше да работам рамо до рамо со претседателот Александар Вучиќ и не само за мене, и за моето семејство. Така што ова е доста емотивно. Направивме многу работи заедно. Направивме сè како тим. Мислам дека тоа придонесе за стабилноста на Србија и за јасна насока за иднината, изјави Брнабиќ.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

СЕ БАКНУВАА СРЕДЕ НОЌ, ПА ИМ СЕ НАЛУТИ НА НОВИНАРИТЕ: Рада Манојловиќ упорно тврди дека тоа не и е новото момче, ќе се смеете до солзи кога ќе дознаеше што и бил! (ВИДЕО)

Следно

Бочварски во Куманово: Ја засилуваме динамиката на реализација на капиталните инвестиции, над 2 милијарди евра инвестираме во патишта, железници, гасоводи

Latest from Blog

Божиновска: Енергетската транзиција мора да значи инвестиции, модерна инфраструктура и сигурна иднина

Праведната енергетска транзиција мора да значи конкретни инвестиции, модерна инфраструктура и сигурна енергетска иднина, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска. Таа информираше дека е одржан координативен состанок со

САД признаваат дека поседуваат оружје во вселената, Русија веднаш повикува на забрана

Рускиот заменик-министер за надворешни работи, Сергеј Рјабков, изјави дека Москва смета оти сè уште не е доцна за правно обврзувачки договор со кој би се забранило распоредувањето на офанзивно оружје во вселената.
Go toTop