Врховниот суд на Израел „пресече“ против контроверзните судски реформи на Нетанјаху

January 1, 2024
1 min read

„Ова се должи на сериозното и без преседан нанесување штета на основните карактеристики на државата Израел како демократска држава“, се наведува во соопштението на судот

Врховниот суд на Израел пресуди против контроверзните судски реформи на владата на премиерот Бенјамин Нетанјаху, кои минатата година предизвикаа протести низ целата земја, јавуваат светските медиуми.  

Голем број Израелци лани летото протестираа против судските реформи на владата на Нетанјаху / Фото: МИА (Архива)

Во соопштението на Врховниот суд на земјата, како што пренесува Ројтерс, се наведува дека осум од 15 судии се изјасниле против амандманот усвоен од израелскиот Парламент – Кнесетот, во јули минатата година, со кој се укинува клаузулата за ‘разумност’ која се користи од страна на судот за укинување на владините одлуки кои се сметаат за неуставни.  

„Ова се должи на сериозното и без преседан нанесување штета на основните карактеристики на државата Израел како демократска држава“,

се вели во соопштението, пренесува агенцијата.  

Премиерот Бенјамин Нетанјаху тврдеше дека сеопфатниот пакет судски реформи претставен пред една година е неопходен за создавање баланс меѓу судската и политичката, односно извршната власт во земјата.  

Противниците на ваквите реформи во судството, пак, предупредуваа дека со нив сè повеќе се отвора патот кон авторитарно владеење на Нетанјаху и дека тој може да ги искористи за укинување на евентуалните пресуди против него, обвинувања што израелскиот премиер ги негира, потсетува „Гардијан“.  

Одлуката на Врховниот суд да го поништи законот донесен од владата во 2023 година следи по неколкумесечни внатрешни превирања. 

Во јули, владата го усвои законот што е сега познат како предлог-закон за „разумност“, а коj, според критичарите, овозможува владата да одлучува, меѓу другото, и за именување на членови на Врховниот суд на земјата.

Со него беше ослабена и моќта на Врховниот суд и на пониските судови во Израел да дејствуваат во однос на владините одлуки за кои би се заклучило дека се „крајно неразумни“, пишува Би-би-си.

Законот предизвика широк гнев и поделеност во израелското општество, што поттикна стотици илјади демонстранти да излезат на улиците барајќи да се укинат реформите, а од премиерот Бенјамин Нетанјаху да си поднесе оставка.  

Безбедносните сили и провладини симпатизери ги блокираат демонстрантите против реформите во судството да стигнат до Кнесетот за време на протестите во јули, минатата година / Фото: EPA-EFE/ATEF SAFADI

Истовремено стотици воени резервисти, вклучително и пилоти на воздухопловните сили, се заканија дека ќе одбијат да се пријават на служба, што доведе до опасност од ослабнување на воените способности на Израел. 

Одлуката на Врховниот суд, како што пренесува Би-би-си, се заканува дополнително да ја поткопа довербата во владата на Нетанјаху. 

Раководството на Израел изминатиов период е под притисок поради неговиот наводен неуспех да го спречи нападот на Хамас на 7 октомври и затоа што досега не успеа да ги врати назад сите заложници што милитантната група ги зеде при нападот.  

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

МВР со кривична постапка за Дрин Ахмети – Спасовски: Известено е обвинителството за нашите сомнежи, тие ќе одлучат

Следно

Илјадници луѓе сместени во центри за евакуација по земјотресот во Јапонија – смртниот биланс се искачи на четворица загинати

Latest from Blog

Ги знае ли некој овие играчи: Ова е составот на Италија за пријателските!(ФОТО)

ФОТО:.facebook.com/NazionaleCalcio/ Привремениот селектор на италијанската фудбалска репрезентација, Силвио Балдини, објави практично нов состав за претстојните пријателски натпревари против Луксембург и Грција. Веста официјално ја објави Италијанската фудбалска федерација (FIGC). Селекцијата е преполна

Тројца загинале во Уганда- се судриле со слон

Полицијата соопшти дека уште четири лица се повредени во несреќата, што се случила во Националниот парк Мерчисон Фолс на северозападниот дел од земјата во недела навечер. Седум службеници на Управата за приходи

Малолетничка со породилни болки донесена на Гинекологија, мајката приведена

Малолетничка со породилни болки вчера била донесена на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје, по што интервенирала полицијата, а нејзината мајка била приведена. Според информациите од МВР, случајот бил пријавен
Go toTop