Времето денес облачно со повремен локален дожд

March 16, 2024
1 min read

Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно, попладне и кон крајот на денот со повремен локален слаб дожд во западните и крајните источни делови од државата. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 8 до 19 Целзиусови степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне 19 степени.

Утре времето ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд. Во понеделник ќе настапи преодно стабилизирање, а во вторник повторно ќе биде променливо облачно со локален дожд.

Според прогнозата на УХМР, температурите до вторник ќе бидат без поголеми промени, а во среда ќе дува северен ветер и ќе има благ пад на дневната температура.

Извор: skopskoeho.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Олимпијакос го договори Фал до 2027 година

Следно

Шолц: Европа ќе купува оружје за Украина од светскиот пазар

Latest from Blog

Божиновска: Енергетската транзиција мора да значи инвестиции, модерна инфраструктура и сигурна иднина

Праведната енергетска транзиција мора да значи конкретни инвестиции, модерна инфраструктура и сигурна енергетска иднина, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска. Таа информираше дека е одржан координативен состанок со
Go toTop