Олимпијакос го договори Фал до 2027 година

March 16, 2024
1 min read

Францускиот кошаркар Мустафа Фал потпиша нов договор со грчки Олимпијакос.

Искусниот центар се обврза на верност со грчкиот гигант до јуни 2027 година. 32-годишникот пристигна во клубот во 2021 година.

Од доаѓањето во Олимпијакос тој освои две титули првак на Грција, три во Купот и играше на двата последни „фајнал-фор“ турнири во европската елита.

Сезонава во Евролигата тој одигра 24 натпревари и има просек од 7,5 поени, 4,5 скока и 2,6 асистенции, додека игра во просек по 23 минути.

 

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Грабеж во Куманово, првин се судриле со возила, па пукале и одзеле пари од кумановец

Следно

Времето денес облачно со повремен локален дожд

Latest from Blog

Go toTop