Вработени во здравствениот сектор на предупредувачки протест пред ФЗОМ, бараат исплата на јануарските плати

February 20, 2023
1 min read

Најави за протест, доколку не им биде исплатена јануарската плата, има од докторите, сестрите, болничарите и другиот медицински кадар од ГОБ „8 Септември“, Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, како и од други здравствени организации низ земјава

Денеска пред Фондот за здравствено осигурување претставници на синдикалните организации на вработени во здравствениот сектор ќе бараат исплата на јануарските плати, а доколку во текот на денот тоа не се исполни, ќе информираат за следните чекори што ќе бидат преземени.

За денеска предупредувачки протест од половина час најавија дел од вработените во Градската општа болница „8 Септември“.

За разлика од предупредувачкиот протест што го најави независниот синдикат, репрезентативниот синдикат во ГОБ „8 Септември“ сè уште нема изградено конечен став за ова прашање и најавуваат дека ќе имаат состанок напладне, по што ќе одлучат како ќе постапат.

Најави за протест, доколку не им биде исплатена јануарската плата, има од докторите, сестрите, болничарите и другиот медицински кадар од Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, како и од други здравствени организации низ земјава.

Синдикатот на Клиничкиот центар најави дека, доколку денеска нема плата, нивниот протест можно е да почне в среда, а ќе трае и в четврток и петок. Претседателот на оваа организација, Горан Беговиќ, најави дека доколку и понатаму нема разбирање за состојбата на вработените и дека треба да се исплати плата, сето тоа може да ја влоши состојбата и да доведе до еден општ штрајк.

Јануарските плати на вработените во здравството доцнат поради хакираниот систем на Фондот. ИТ-системот на ФЗО прекина со работа на 6 февруари откако беше цел на сајбер напад.  

Фондот за здравствено осигурување во четвртокот побара сите јавни здравствени установи да достават податоци за вработените за да може да им се исплати плата.

Министерот за финансии Фатмир Бесими најави дека доколку до денеска не се реши проблемот, платите за здравствениот кадар ќе се обезбедат од Централниот трезор, а потоа ќе се порамнат со трезорот на Фондот за здравствено осигурување.

Уверување дека ќе биде надминат проблемот со хакерскиот напад на Фондот за здравствено осигурување, вчера искажа и премиерот Димитар Ковачевски кој во интервју за МИА кажа дека се ангажирани домашни и експерти од земјите – членки на НАТО.  Личните податоци на граѓаните, како што истакна, се заштитени и апелира на смиреност, а се прават и напори да им бидат исплатени платите на здравствените работници.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Поради доцнењето на платите дел од лекарите денеска на мирен протест

Следно

Љубанци доби ново детско игралиште

Latest from Blog

Внатрешната контрола на МВР расчисти случај во Прилеп со пајак возило

По денешната објава на социјалните мрежи за наводно непрофесионално постапување од страна на полициски службеници во Прилеп во врска со констатиран сообраќаен прекршок, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди

„Марш за ангелите“ во Кочани: Родителите на 62-те жртви од ноќниот клуб „Пулс“ повторно чекорат против тишината на институциите

Речиси четири месеци по најсмртоносниот пожар во историјата на земјата, Кочани вечерва ќе ги пречека родителите и блиските на загинатите на дванаесеттото протестно движење, симболично наречено „Марш за ангелите“. Маршот, организиран од

Зголемена фреквенција на возила на ГП „Табановце“, за влез и излез од државата се чека околу 40 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, а интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце времето
Go toTop