Потресни сцени пред палатата на правдата во Белград. Родители на убиените деца од Рибникар дојдоа во судот носејќи слики на своите убиени деца.

Родителите на убиената Анџелина Аќимовиќ пристигнаа во белградската палата на правдата со врамена слика од нивната ќерка, која таткото ја носел во рацете. Инаку, судењето беше затворено за јавноста, а вчера не беа присутни ниту родителите на убиените и повредени деца, бидејќи ќе бидат сослушани како сведоци.

– Воведниот збор го презентираше обвинителот, а започна одбраната на обвинетите. Покрај родителите на момчето убиец, на обвинителна клупа се и одговорниот на стрелиштето каде, како што се сомнева, момчето научило да пука, како и инструкторот за стрелање. По воведните зборови, обвинетите ќе можат да дадат детална одбрана – објаснува соговорникот на српски Курир.

Првото рочиште почна вчера во најголемата судница на белградската Палата на правдата, која беше исполнета до последното место. Во него најпрво влегоа обвинетите од слобода, родителите и роднините на убиените деца и обезбедувањето, обвинителите, адвокатите и останатиот дел од публиката. Дури откако сите седнаа, со лисици на рацете беше донесен таткото на момчето убиец, кој е во притвор од 3 мај 2023 година. Со наведната глава мина крај родителите на убиените деца , ја кренал главата дури кога поминал покрај сопругата која веќе седела на обвинителна клупа, кратко ѝ кимнал со главата и почнал да плаче.