Во Туркије спроведена акција против производителите на дрога, приведени 321 лице

1 min read

АНКАРА (АА) – Во неколку десетици области низ Туркије спроведена е голема акција против производителите и шверцерите на дрога, јавува Анадолу.

Министерот за внатрешни работи Али Јерликаја изјави дека во акциите „Наркочелик-14“ спроведени во 42 турски области, приведени се 321 осомничен, а запленети се 322 килограми дрога и 135 илјади таблети.

Јерликаја на социјалните мрежи објави дека во последните десет месеци биле извршени вкупно 39.661 операција против производители, продавачи и улични дилери на дрога.

Тој истакна дека во овие операции се запленети 121 тон дрога, 42 милиони таблети дрога и 157 милиони стебла канабис.

Додаде дека во истиот период се приведени 310.639 осомничени, од кои 28.044 се уапсени.

Јерликаја рече дека во последните акции „Наркочелик-14“ во 42 турски области, меѓу кои и во Истанбул и Анкара, учествувале 682 полициски тимови и три хеликоптери.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

Претходно

Златен часовник на најбогатиот патник на Титаник ќе излезе на аукција

Следно

Промовирана новата генерација полициски службеници

Latest from Blog