Палестинските мајки кои останаа без своите деца ги повикуваат земјите во светот да ја сопрат војната во Газа

May 10, 2024
2 mins read

ГАЗА (АА) – МУХАМЕД МАЏИД –

Палестинските мајки кои останаа без своите деца во војната во Појасот Газа, кој со месеци е под интензивни израелски напади, се обидуваат да го продолжат својот живот и покрај длабоката болка, пишува Анадолу.

Во израелските напади врз Појасот Газа од 7 октомври загинаа 34.904 Палестинци, меѓу кои најмалку 14.944 деца и 9.849 жени, а повредени се 78.514 Палестинци.

Илјадници мајки останаа без децата, а многу деца исто така останаа без мајки и татковци.

Мајките, кои побегнаа во градот Рафа, каде што живеат во шатори, Денот на мајката, 12 Мај, го дочекуваат во длабока болка и тага.

Денот на мајката е празник кој во повеќето делови на светот се одбележува на 12 мај.

Палестинските мајки живеат со надеж дека што поскоро ќе се вратат во своите домови и ќе го продолжат животот како пред војната.

– Геноцид во Газа –

Хена ебу-Чебел (55), мајка на осум деца, за Анадолу изјави дека изгубила едно дете во израелските напади и дека и покрај болката, се обидуваат да го продолжат животот.

„Живееме во шатори во многу тешки услови. Немаме вода, немаме храна, немаме облека. Се соочуваме со опасност од геноцид”, рече оваа Палестинка.

Таа истакна дека се соочуваат со многу потешкотии.

„Го изгубив и синот. Кога мајка ќе остане без своето дете тоа е како да останала без душата“, рече оваа мајка и ги повика сите мајки на светот да го поддржат палестинскиот народ.

– Ужасите на војната –

Меха Хашан, друга палестинска мајка, рече дека нејзиниот 9-годишен син е убиен во израелските напади, а нејзината ќерка е тешко повредена во бомбардирањето на нивната куќа.

Таа истакна дека ѝ било многу тешко откако го изгубила синот, но дека се соочуваат и со други проблеми, како недостиг од вода и храна.

„Оваа војна конечно мора да престане, сакаме земјите во светот да обезбедат хуманитарната помош да влезе во Газа“, рече таа.

– Децата како жртви –

Неџа ел-Акад (70), која има три внуци, раскажа дека се селеле од место до место и на крајот завршиле во шаторската населба.

„Го изгубив синот во израелски напад, од кој ми останаа три внучиња“, рече Ел-Акад и додаде дека со внуците се борат да преживеат, а тешко наоѓаат и вода, лекови и храна.

– Проблеми со водата за пиење –

Палестинката Дања Мухамед (55) раскажа дека морале да го напуштат својот дом на почетокот на војната и сега живеат под шатор во Рафа.

„Овде сега сме под закана од напади на израелските авиони“, раскажа оваа Палестинка, истакнувајќи дека се обидуваат да преживеат во многу тешки услови.

„Имаме проблеми да најдеме вода за пиење и се соочуваме со голема сиромаштија“, изјави оваа мајка, изразувајќи надеж дека нападите ќе завршат и дека конечно ќе живеат во мир и безбедност.

„И ние сакаме да живееме безбедно како жените во другите делови на светот“, е нејзината единствена желба и ги повика сите мајки на светот да бидат со нив и да ги поддржат.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Популарната плажа „Навагио“ на грчкиот остров Закинтос и оваа лето затворена за туристи

Следно

Сања Лукаревска поднесе оставка од функцијата потпретседател на СДСМ

Latest from Blog

Коњановски: Три нови спомен-соби за музиката, историјата и културното наследство на Битола

Музичка соба, Градска соба и Соба посветена на историјата на Офицерскиот дом се трите нови тематски простори што Битола ги отвори во чест на професорот Александар Стерјовски. Отворањето е дел од четвртоноемвриската

Трафигура, мнозински сопственик во проектот за рудникот „Иловица–Штука“, инвестира над една милијарда долари во американски рафинерии

Трафигура, мнозински сопственик на Еуромакс Ресоурцес, компанијата концесионер на проектот за рудникот Иловица–Штука, склучи стратешки договори со американската компанија CVR Energy за поддршка на нејзиното планирано преземање на две рафинерии во САД.

Проданоски: Честит 3 Ноември, вечна почит за хероите што ни оставија слободен Прилеп

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, упати честитка по повод 3 Ноември – Денот на ослободувањето на градот, оддавајќи почит на борците и повикувајќи на заедничка работа за подобри услови за живот и

ЖРСМ Транспорт: Препораките на ревизорите ги претвораме во конкретни мерки

ЖРСМ Транспорт АД – Скопје со целосна институционална одговорност постапува по препораките содржани во Конечниот извештај на Државниот завод за ревизија. Препораките ги прифаќаме како важна основа за унапредување на законитоста, транспарентноста,

Општина Битола: Промовиран филм за музичкото наследство на Ајри Демировски

Документарниот филм „Битола, мој роден крај“, посветен на животот, творештвото и споменот на Ајри Демировски, синоќа беше промовиран во рамките на програмата „Сите бои на сеќавањето“, со која се одбележува Денот на
Go toTop