Тој бил уапсен по враќањето од странство како дел од понатамошната истрага и гонење на група лица кои сочинувале разузнавачка мрежа што на територијата на Србија ја формирал Д.Р. а по налог на разузнавачката агенција на Албанија (ШИШ) и разузнавачката агенција на Косово. Нему му е одреден притвор до 30 дена.

Се сомнева дека П.М., по наредба на Д.Р., се занимавал со собирање и доставување податоци за движењето на претставници на државните органи и војската на Србија на подрачјето на централна Србија.

Собраните податоци му ги доставил на водачот на оваа шпионска група Д.Р., кој потоа ги проследил до припадниците на разузнавачката служба на Албанија и до Агенцијата за разузнавање на Косово, за што добивале паричен надоместок.

Во јануари под сомнение за шпионажа беше уапсен Д.Р.

Неколку дена по Д.Р., уапсен е А.Д. од Нови Пазар, кој исто така бил дел од таа шпионска група.