Во Скопје започна Министерскиот форум за внатрешни работи и правда ЕУ – Западен Балкан 2023

October 26, 2023
1 min read

СКОПЈЕ (АА) – Министерот за внатрешни работи на Северна Македонија, Оливер Спасовски, со поздравно обраќање го почна дводневниот Министерски форум посветен на внатрешните работи и правдата, ЕУ – Западен Балкан 2023, под покровителство на шпанското претседателство, пренесува Анадолу.

На форумот присуствуваат еврокомесарката за внатрешни работи, Илва Јохансон, министерот за внатрешни работи на Шпанија, Гранде-Марласка Гомез, министрите за внатрешни работи на земјите од Западен Балкан и други високи претставници на ЕУ, Европол, Фронтекс.

„Посебна чест ми претставува што токму Република Северна Македонија, за само четири години повторно ги отвори вратите како домаќин на Форумот ЕУ – Западен Балкан, овој пат во момент кога светот, како никогаш досега во поновата историја не бил пред така силни геополитички, па и цивилизациски предизвици, кои нужно бараат соодветни и глобални одговори. Оти едноставно, никој не е заобиколен од последиците коишто можат, во годините пред нас, да произлезат од актуелните случувања“, рече Спасовски.

Тој изрази уверување дека преку овој форум ќе се разменат мислења и ставови кои ќе дадат придонес кон зајакнување на соработката и заедничките политики.

„Тука, особено би го истакнал зборот „заедништво“. Бидејќи не случајно сме собрани овде сите заедно. Факт е дека креирањето на заедничките политики е само предуслов за заедничко функционирање во рамки на Европската Унија. Вратата е отворена. Од нашите заложби зависи дали ќе го преминеме прагот. Но, она што сигурно знам е и дека решително чекориме напред. Европскиот моментум е неминовен“, порача министерот Спасовски.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„АА, сама на избори“ – Села: Тема што другите ја туркаат, ние сме автономни, одиме сами и точка!

Следно

Новинарот на Ал Џезира чие семејство беше убиено во израелски напад: „Ова никогаш нема да нè замолчи“

Latest from Blog

Трамп се огласи за барањето за помилување на Линдзи Кленси, која си ги уби трите мали деца

Доналд Трамп го прекина молчењето во недела, 13 септември, откако адвокатот на Линдзи Кленси јавно го повика да интервенира во нејзиниот случај, вклучително и барање за помилување кое претседателот нема овластување да

Еве што му рече на судијата суспендираниот Александар Коларов

Александар Коларов е суспендиран откако беше исклучен на натпреварот против Удинезе (5:3). Коларов доби црвен картон во 19-тата минута од натпреварот против „зебрите“ поради протест против судијата Лука Паирет. Тој продолжи да

Нападнат е танкер со нафта во Ормутскиот теснец- исчезнаа двајца морнари, 23 се спасени

Танкерот „Ел Гаја“ со панамско знаме беше нападнат во вторник и сега влече кон оманско пристаниште, објави Би-Би-Си. Пожар и штета Оманскиот центар за поморска безбедност објави дека по нападот избувнал пожар

Испишана е историја во италијанскиот фудбал: По четири кола уште нема резултат 0:0!

ФОТО:facebook.com/Inter Што ли се случува со фудбалот? Имено италијанскиот фудбал на почетокот од новата сезона забележа историски куриозитет – во првите четири кола од Серија А и Серија Б, ниту еден натпревар

Трамп: Крај на нападите врз енергетските цели; Русија: Да, но имаме услов

Кремљ денес го поздрави предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за мораториум на меѓусебните напади на Русија и Украина врз енергетските капацитети, но Москва веднаш постави јасни услови – бара заштита на
Go toTop