Во Северна Македонија отворен новиот објект на Одделот за форензички испитувања

October 25, 2023
1 min read

СКОПЈЕ (АА) – Во Северна Македонија се отвори новиот објект на Одделот за форензички испитувања при Министерството за внатрешни работи (МВР), јавува Анадолу.

На отворањето на објектот присуствуваа владина делегација предводена од премиерот Димитар Ковачевски, пратеници, директори на одделите на МВР, пратеници, како и амбасадорот на Европската Унија во Скопје, Дејвид Гир.

Во своето обраќање премиерот Ковачевски рече дека станува збор за најголем објект за форензички испитувања во регионот.

„Првпат во историјата на службата за форензички испитувања во Република Северна Македонија на вакво високо ниво ги унапредуваме условите за работа на припадниците на МВР, а од друга страна овие модерни и добро опремени форензички лаборатории ќе им бидат корисна алатка на полицијата и на правосудниот систем во борбата со криминалот, што ќе резултира со поквалитетна истрага и зголемена ефикасност. Ова овозможува нашата полиција да биде во чекор со современите постапки, европските практики и стандарди“, рече Ковачевски, додавајќи дека инвестицијата за новиот објект е во рамките на ИПА програмата.

Домаќинот на настанот, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, истакна дека изградбата на нов објект за форензички испитувања претставува значајна капитална инвестиција за иднината на македонската форензика. Притоа, тој упати благодарност кон ЕУ за понудената поддршка.

„На мое огромно задоволство денес можам да кажам дека ја добиваме најголемата и најсовремената форензичка лабораторија на Балканот. Новите простории, дизајнирани според потребите на различни форензички дисциплини, ќе претставуваат и дополнителен мотив вработените да продолжат со квалитетно извршување на деликатните задачи”, рече министерот Спасовски.

Амбасадорот на ЕУ во Скопје, Дејвид Гир, во својот говор ја истакна важноста на форензиката во истрагите и гонењето на криминалот.

„ЕУ постави минимални стандарди за форензичката практика во сите земји членки на ЕУ, стандарди што треба да ги спроведат и идните членки. И овој проект има цел да го направи токму тоа. ЕУ обезбеди специјализирана форензичка опрема и ја финансираше изградбата на оваа убава зграда во која е сместен одделот, во вредност од 3,6 милиони евра”, рече амбасадорот Гир.

По воведните говори високите претставници разгледаа неколку простории во објектот.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Груби во нов скандал: Tендер од 2,6 милиони на Лотарија со компаниja блиска до кланот Зајас

Следно

АД ЕСМ: Се е подготвено претстојната грејна сезона

Latest from Blog

КОЛКУ ЗАГУБИЛЕ АМЕРКИАНСКИТЕ БИЗНИСИ од санкциите проив Русија. Толку што барат нивно укинување

Санкциите наметнати врз Русија предизвикаа директни загуби за американските бизниси од над 100 милијарди долари во 2025 година, изјави Роберт Ејџи, претседател на Американската стопанска комора во Русија (AmCham), во интервју за

Обезбедени дополнителни 2 милиони денари за два нови центри за жртви на семејно насилство

14 јули 2026, Скопје – Повеќе средства се обезбедуваат за отворање и ставање во функција на два згрижувачки центри за жртви на семејно и родово базирано насилство. Преку прифаќање на амандман во

Рокас: Се надевам дека денеска ќе се постигне консензус за измените на Изборниот законик

Евроамбасадорот Михалис Рокас се надева оти денеска ќе се постигне консензус меѓу политичките партии за измените на Изборниот законик што е обврска од Реформската агенда. – Јас навистина се надевам дека денеска

Николоски: Безбедните патишта се клучни за вредноста на секоја наша инвестиција

Државниот инспекторат за транспорт ќе биде зајакнат со нова опрема и современи технологии, преку донација од Европската Унија, која треба да придонесе за поефикасен инспекциски надзор и поголема безбедност во сообраќајот. Вицепремиерот

Бакарот станува стратешки ресурс за Европа, Македонија сè уште не го активира својот најголем проект

Европската Унија ја засилува поддршката за домашното производство на критични минерали, оценувајќи дека без нови рударски инвестиции нема да може да ги исполни целите на зелената и индустриската транзиција. Од Euromines предупредуваат
Go toTop