Во ЛГБТ клуб: Лидерот на СИРИЗА го прослави изгласувањето на законот за истополовите бракови

February 16, 2024
1 min read

Лидерот на СИРИЗА, Стефанос Каселакис заедно со неговиот сопруг, доцна синоќа во ЛГБТ+ клуб во Атина го прослави изгласувањето на законот за истополовите бракови во Грција и на присутните им порача да бидат горди на себе, јави дописничката на МИА од Атина.

Каселакис, кој во октомври минатата година стапи во цивилен брак во САД со неговиот партнер Тејлор Макбет, преку социјалните мрежи соопшти дека ќе присуствува на најавената забава за легализацијата на истополовите бракови, коментирајќи дека тоа „не е мислење, тоа е нашиот живот“, додека пак во текот на вечерта им се обрати на присутните.

-Браво за вас, браво за нас што сме на вистинскиот пат. Продолжуваме натаму, современо општество, современа Грција. Бидете горди на себе, порача Каселакис.

Претходно при пристигнувањето во клубот изјави дека без поддршката од СИРИЗА, законот немаше да биде изгласан.

Грчкиот Парламент кусо пред полноќ со 176 гласа „за“ од пратениците на владејачката Нова демократија и опозициските СИРИЗА, ПАСОК, Нова левица и Курс на слобода гоизгласан законот, со што Грција стана 16-та земја во ЕУ, 37-ма во светот, но и прва православна земја што ги легализира истополовите бракови.

Од вкупно 300 пратеници колку што брои Парламентот, отсутни беа 46, односно гласаа 254, од кои 76 беа „против“, двајца „воздржани“, а останатите го поддржаа законот.

Меѓу оние кои беа отсутни или против имаше пратеници од Нова демократија, СИРИЗА и ПАСОК, кои решија да отстапат од партиската линија.

Од Нова демократија, гласале „за“ 107 од 158 пратеници, односно една третина од пратеничката група не го поддржа законот.

Веднаш по соопштувањето на резултатите, грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис преку Х истакна дека „Грција е горда што стана 16-та земја од ЕУ која ја легализираше брачната еднаквост“ но и дека ја отсликува денешната Грција: „прогресивна и демократска земја, посветена на европските вредности“. (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пожар во напуштена куќа во близина на „Ист гејт“

Следно

Според Нетанјаху, американското признавање на Палестина „ќе им наштети на напорите за мир и нормализација во регионот“

Latest from Blog

Само еден фудбалер се вратил во Бразил со репрезентативниот авион!

Репрезентацијата на Бразил шокирачки е елиминирана од тековниот Мундијал во осминафиналето каде што беше целосно надиграна од Норвешка. Селекторот Анчелоти не успеа да го издигне Бразил на нивото на кое што посакуваше

НАСКОРО КРАЈ НА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА, најави Трамп од Анкара

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека Русија и Украина ќе постигнат договор за прекин на војната, наведувајќи дека тој договор „веќе долго време се разработува“, како и дека украинскиот претседател Володимир

Претседателката на ЛДП, Моника Зајкова, избрана за потпретседателка на Парламентарното собрание на ОБСЕ

Либерално-демократската партија информира дека претседателката на ЛДП и пратеничка во македонското Собрание, Моника Зајкова, е избрана за потпретседателка на Парламентарното собрание (ПС) на ОБСЕ. На 33-тата годишна сесија на ПС на ОБСЕ

Коњановски изврши увид во асфалтирањето на улицата „Леринска“

Во Битола во тек е асфалтирањето на улицата „Леринска“ и крак од улицата „Христо Узунов“, во рамки на проектот за реконструкција на уличната мрежа. Претходно на оваа локација беше изградена мешовита фекална

Божиновска: Енергетската ефикасност е најисплатливата инвестиција за иднината

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, одржа работна средба со претставници на германската развојна банка KfW, на која беа разгледани тековните активности и можностите за понатамошно продлабочување на соработката
Go toTop