Во кој дел од Македонија утрово беше најсвежо?

August 30, 2024
1 min read

Утрово во Лазарополе е измерена најниска температура од 10 степени Целзиусови. Следат Берово со 11, 12 во Маврови Анови, 13 Битола, Попова Шапка, 14 Крива Паланка, 15 Охрид, Струмица, Крушево, Претор, Тетово, Прилеп, 17 СкопјеПетровец, Демир Капија, Куманово, Кавадарци, Штип, 18 во Скопје кај Зајчев Рид, Виница и во Гевгелија и 19 степени во Велес.

За изминатите 9 часа до 17 часот најмногу дожд од 10 л/м2 на дождомерните места на УХМР, е измерен во Тополчани, пото 8 во Маврови Анови, 6 Гевгелија, 5 Крива Паланка, 4 Лазарополе, 3 Кавадарци, Попова Шапка и 1 л/м2 во Прилеп, Струмица, Тетово.

Времето денеска претпладне сончево со мала до умерена облачност. Од пладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град. Максималната температура ќе достигне од 25 до 33 степени. УВ индексот ќе изнесува 6.

Во Скопје претпладне сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме со поинтензивен пороен дожд, силен ветер и град. Максималната температура ќе достигне до 32 степена.  (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Врховниот суд на Бразил ги замрзна сметките на Интернет компанијата Старлинк на Илон Маск, на платформата Х и се заканува суспензија

Следно

ВМРО-ДПМНЕ: Бисера Антоанета со пари на граѓаните одела на патување во Виена со другарка, аздисаноста не запира – денес откриваме нови детали

Latest from Blog

Ристо Вртев: Денес е профитабилно да се „тамбура“ на национални жици

Овој пат во „Имаме неколку прашања за вас“ го имаме Ристо Вртев, основач на музичката група Архaнгел, нејзин фронтмен, композитор, текстописец и вокалист. Бидејќи ретко дава интервјуа за Рацин.мк ова беше прилика

Пожарите не стивнуваат: Два активни, четири под контрола, 22 изгаснати низ Македонија

Македонија повторно се соочува со огнени жаришта, но според последните податоци од Центарот за управување со кризи (ЦУК), состојбата е стабилизирана. До утрово во 7 часот биле евидентирани вкупно 28 пожари на

Најдобриот стрелец во Евролигата ќе игра за Виртус Болоња,

Најдобриот стрелец во Евролигата за минатата сезона, Карсен Едвардс, го напушта Баерн Минхен и ќе ја продолжи кариерата во тимот на Виртус Болоња  изјави порталот „Баскетњуз“. Американскиот кошаркар бележеше 20,4 поени и

Макрон повика на контрамерки поради царините на САД доколку не се постигне договор

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ја осуди одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за воведување царини од 30 отсто на увозот од ЕУ и ја повика Европската комисија да подготви соодветни контрамерки
Go toTop