ВМРО-ДПМНЕ: Бисера Антоанета со пари на граѓаните одела на патување во Виена со другарка, аздисаноста не запира – денес откриваме нови детали

August 30, 2024
1 min read

Расипништвото на СДС нема крај. Нивната Бисера Антоанета, поранешната министерка за култура Бисера Костадиновска Стојчевска за време на патување во Лондон си купувала чорапи, хулахопки, мечиња, топки за „службени цели“, била на нејасно патување во Виена и наместо да потроши околу 450 евра за сместување, таа си изнајмила стан за 1200 евра за да има кај да ја смести и другарка и да прошетаат заедно низ Виена, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-И сето ова го правела со пари на граѓаните. Бисера Антоанета трошела народни пари за лични цели и за другарки за да и прават друштво. Бисера Антоанета мислела на се, само не на државата, на промовирање на Македонија и слично. Дополнително резервацијата за станот во Виена ја направила другарка и Марија Магдалена Петковска Микаровска, професорка по англиски јазик од Битола. Тоа се гледа од копијата на резервацијата која ја доставила до Министерството за култура за да ги оправда потрошените средства. Бисера Антоанета треба да одговори на низа на прашања како зошто ја шетала другарка и со народни пари, кој се одел со неа на службените патувања, зошто трошела народни пари за приватни цели? Бисера Антоанета треба да одговара, посочуваат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат: „Аздисаноста на Бисера Антоанета не сопирала, продолжуваме со нови детали за патувањето во Виена и трошењето пари на граѓаните за приватни цели“.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во кој дел од Македонија утрово беше најсвежо?

Следно

Еден активен пожар и еден под контрола од вчерашните 22 на отворено низ државава

Latest from Blog

Село Пасинки во Голо Брдо по првпат ги собра жителите и иселениците на годишна средба

Фото: Македонски весник “Илинден” На 9 август 2026 година, во живописното село Пасинки, областа Голо Брдо, се одржа првата годишна средба на жителите, иселениците  на селото. Средбата беше организирана со цел повторно да се

Трагедија во напуштен рудник: Најмалку 14 загинати и десетици повредени рудари

Причината за инцидентот засега е непозната. Полицијата денеска соопшти дека најмалку 14 рудари се пронајдени мртви, а десетици се повредени во напуштен рудник во близина на градот Рустенбург во Јужна Африка. Телата

Андоновски: Филипче и Рената Младеновска веднаш да одговорат зошто со години молчеле за загадената вода во Гостивар

Претседателот на општинскиот огранок на ВМРО-ДПМНЕ во Гостивар, Мартин Андоновски, побара од поранешниот министер за здравство и лидер на СДСМ, Венко Филипче, како и од Рената Младеновска, веднаш да одговорат зошто, како

Димитриеска-Кочоска: Првата листа на јавни инвестиции е значајна реформа во управувањето со јавните финансии

Тетово, Штип, Кичево и Битола меѓу приоритетите: Владата ја објави првата конечна листа на јавни инвестиции Скопје, 11 август 2026 – Проекти од областа на патната и железничката инфраструктура, енергетиката, здравството, образованието,
Go toTop