Во израелските напади врз Газа убиени речиси 1.100 палестински бебиња

January 1, 2025
1 min read

АНКАРА (АА) – Речиси 1.100 палестински бебиња се убиени во израелските напади врз Газа од октомври 2023 година, јавува Анадолу.

Канцеларијата за медиуми на владата на Газа соопшти дека 1.091 бебе ги загубиле животите во текот на израелските напади, меѓу кои 238 новороденчиња.

Израел започна геноцидна војна врз Појасот Газа, по нападот на Хамас на 7 октомври 2023 година, и покрај резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации (СБОН) со која се бара итен прекин на огнот.

Според локалните здравствени власти, оттогаш се убиени над 45.550 Палестинци, главно жени и деца, а над 108.300 се повредени.

Тел Авив воведе и блокада на палестинската енклава, оставајќи го целото население на работ на глад.

Локалните здравствени власти во понеделникот соопштија дека најмалку седум лица, меѓу кои шест бебиња, премрзнале до смрт поради израелската блокада на енклавата.

Во ноември, Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел се соочува и со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за неговите постапки во енклавата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Девет новороденчиња во Скопје – дежурната екипа на Гинекологија со напорна работа за Нова година

Следно

Сиљановска Давкова: Потребен е нов модерен закон за помилување

Latest from Blog

Во Битола одбележан Денот на македонските пожарникари

Пожарникарите од Територијалната противпожарна единица на Битола денеска го одбележуваат 20-ти мај Денот на македонските пожарникари. На свеченоста која што се одржа пред зградата на противпожарната единица свежо цвеќе на спомен плочата

ВЛЕН: Ги решаваме проблемите што ДУИ ги остави 20 години

Коалицијата ВЛЕН соопшти дека протестот на студентите повторно ја разоткрил, како што велат, политиката на ДУИ, обвинувајќи ја партијата дека две децении оставала нерешени проблеми поврзани со употребата на албанскиот јазик. Од

Кина купува 200 авиони „Боинг“,

Договорот става крај на речиси децениската неофицијална забрана за продажба на авиони „Боинг“ на Кина, објави Си-Ен-Ен . Преговори за царинско и трговско примирје Кинеското Министерство за трговија соопшти дека САД и Кина преговараат

Македонски Концепт: Политиката на ДУИ нема иднина во Македонија

МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ ги осудува партиските протести на левичарската ДУИ, организирани по нарачка и за потребите на Белград Македонски Концепт најостро ги осудува партиските протести во Скопје, кои не беа студентски и граѓански,

„МОРА ДА ГИ ЗЕМЕТЕ РАБОТИТЕ ВО СВОИ РАЦЕ“ Ангела Меркел жестоко ја критикуваше Европа поради Украина, а го спомена и Трамп

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел ја критикуваше Европската Унија за тоа што не го искористи својот дипломатски потенцијал за да помогне во прекинувањето на руската инвазија на Украина, објави Политико. – Мислам
Go toTop