Во израелските напади до започнувањето на хуманитарната пауза убиени се над 14.800 лица

November 24, 2023
1 min read

ГАЗА (АА) – Во израелските напади на Појасот Газа до започнувањето на хуманитарната пауза убиени се повеќе од 14.854 лица, соопшти синоќа владината Канцеларија за медиуми во блокираната палестинска енклава, известува Анадолу.

„Меѓу загинатите 6.150 се деца, повеќе од 4.000 се жени, а над 36.000 се ранети“, се вели во соопштението.

Околу 7.000 луѓе се водат за исчезнати, од кои повеќе од 4.700 се деца, се истакнува во соопштението.

Израел спроведува немилосрдни воздушни и копнени напади на Појасот Газа со неселективно бомбардирање на цивилни населби, станбени објекти, џамии, цркви и болници по неочекуваниот напад од страна на Хамас на 7 октомври.

Според службеното соопштение на израелските власти, во Израел има 1.200 загинати.

Цел на израелските напади беа три цркви, уништени се 88 џамии, а 174 се делумно оштетени.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Што ќе открие? Комисијата за онкологија продолжува со дополнителните 30 дена за истражување на скандалот

Следно

СЗО: Кина даде податоци за респираторните заболувања и жариштата на пневмонија кај децата, не се откриени невообичаени патогени

Latest from Blog

Николоски: Околу шест милиони евра инвестираме во инфраструктурниот развој на Кичево

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оставри работна посета на општина Кичево, каде со градоначалникот Александар Јовановски изврши увид во реконструкција на улица Рудничка. Ова е проект

ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси

Македонија не смее да го пропушти моментумот што се создава во Европа во однос на обезбедувањето критични минерални суровини и да дозволи потенцијалот на домашните наоѓалишта, меѓу кои и Иловица–Штука, да остане

Општина Битола: Градот го слави ослободувањето низ „Сите бои на сеќавањето“

Под слоганот „Сите бои на сеќавањето“, Битола го одбележува 4 Ноември, Денот на ослободувањето на градот, со програма што ги поврзува историската меморија, културата, спортот и хуманоста. Настаните се одржуваат од 30

Тоневски од Пробиштип: Довербата и транспарентноста се клучни за рамнотежа меѓу рударството и екологијата

Придобивките од рударството за општините мора да се разгледуваат заедно со грижите на населението и потребата од континуирана заштита на животната средина, порача градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, кој учествуваше на

Коњановски: Документарните приказни од секојдневието се посебната вредност на „Камера 300“

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, го отвори 34-тото издание на Интернационалниот фестивал на аматерскиот документарен филм „Камера 300“, истакнувајќи го неговото значење за културниот живот на градот и за зачувувањето на наследството
Go toTop