ВМРО-ДПМНЕ: СДС им ја подари државата на ДУИ

January 29, 2024
1 min read

Со изборот за технички премиер на дезертерот Талат Џафери, СДС им ја поклони државата на ДУИ, тврдат од ВМРО-ДПМНЕ. Џафери според нив е синоним за политичар и личност, кој е недостоен да биде на ова место.

– Вчера, со гласањето на Талат Џафери за технички премиер, СДС дозволи уште едно понижување на македонскиот народ, само за да си ги спасат фотелјите и коруптивните зделки.

Верните слуги на ДУИ, вчера го направија македонскиот народ кираџија во својата држава и дозволија партија, која нема број на пратеници, а ни гласови да има премиер на државата. Партија која е се, само не е европска, партија на насилници, кои упаѓаат во институции да се пресметуваат, каде има коруптивни функционери, кои само мислат како да приграбат, што повеќе милиони и имоти за себе и своите деца и внуци.

Талат Џафери е синоним за политичар и личност, кој е недостоен да биде на ова место. Човек кој е близок со криминалното подземје, каде често и се слика со нив, човек кој по потреба ги кршеше законите и Деловникот во Собранието, човек кој си ја вработи ќерката во ЕЛЕМ, а синот полагаше правосуден испит без диплома за завршен факултет, човек кој го блокираше и законот за бранителите, со читање на поезија од говорница.

Народот после се што помина, со право смета дека нема држава но ќе го издржи и Талат Џафери 3 месеци, а после тоа граѓаните со својот глас, јасно и гласно ќе ја искажат својата волја и сите овие криминални структури ќе ги пратат во историјата, по што ќе следува и одговорност, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата уште еднаш нагласија дека никогаш не било полошо и дека е време ова власт да доживее пораз.

Извор: skopskoeho.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Даниел Живковиќ е нов претседател на Демократска партија на социјалистите на Црна Гора

Следно

Карабатиќ: За да освоите титули, треба да играте финалиња, а Франција играше во нив во претходните 20 години

Latest from Blog

Интер Мајами победи во луд натпревар со десет гола, но го загуби Меси (ВИДЕО)

Интер Мајами ја победи Филаделфија J. со 6-4 во историски натпревар од регуларната сезона. Натпреварот понуди невидена фудбалска лудост и влезе во аналите на лигата со првото полувреме со најмногу голови во

НОВИ ОАЗИ: Каде избегаа богаташите од Дубаи?

Повеќе од 240 илјади милионери живееле во ОАЕ пред војната, а повеќето од нив биле концентрирани во Дубаи. Некогаш, животот во Дубаи бил речиси совршен за богати странски професионалци и менаџери. Приватните
Go toTop