ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски насилно ја одржува власта на “апарати“ и со две патерици, но не може да избега од народната казна и одговорноста

January 23, 2023
1 min read

Ковачевски и СДС ја одржуваaт својата власт на сила и со насилство. Но колку повеќе вештачки се продолжува рокот на оваа власт толку повеќе расте антивладиното расположение кај народот. Затоа на Ковачевски му требаат патерици од Албанија и Бугарија да си ја потпре својата влада, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Ова очигледно ги фрустрира и СДС и Ковачевски, па затоа се толку нервозни. Веќе не знаат од очај каде попрво да вршат притисоци. Почнаа со закани и притисоци врз медиумите, а сега гледаме декa продолжија и со притисоци врз свои членови и пратеници. Се поголем број членови и функционери на СДС гледаат дека агонијата на оваа власт може да се реши на предвремени избори и колку тоа побрзо се слуши, толку подобро ќе биде и за Македонија и за СДС. Таквите луѓе во СДС се под закани од посредници, но и директно од членови на подземјето. Тоа е автократското и недемократското лице на СДС и Ковачевски кое го гледа јавноста. Очигледно Ковачевски пати од комплекс на ниска вредност во односот со ДУИ во власта, па затоа манифестира сила врз неговите сопартијци кои не се согласуваат со лошите политики, велат од партијата.

Во партиското соопштение се наведува: Крајот на власт се ближи и никој веќе не им се плаши. Патериците и “апаратите“ може да ја одржат оваа власт уште некое време, но не може да ја спасат од неизбежното, народната казна, катастрофалниот пораз и одговорноста за криминалот.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Се очекува ЕУ да воведе нови санкции против Иран поради задушување на протестите

Следно

Бугарин измамен од државата: Купил скап автомобил без мотор на аукција

Latest from Blog

Брајтон со “петарда“ кај Ковентри! (ВИДЕО)

ФОТО:.facebook.com/officialbhafc Брајтон го победи Ковентри со 5:0 на гостински терен во четвртото коло од Премиер лигата. Стрелци за Брајтон беа Костулас, Јалкуе, Грос од пенал и Данк кој ќе биде кандидат за

Шкотска, Велс и Северна Ирска се здружуваат – бараат право на референдуми за независност

Лидерите на Шкотска, Велс и Северна Ирска во понеделник ќе се сретнат во Кардиф, каде што треба да потпишат заедничка декларација со која ќе го потврдат правото на нивните нации на самоопределување

Димитриеска-Кочоска: ДДВ-то за дизелот од 18 се намалува на 10 отсто

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, информираше дека Владата донела одлука за повторно намалување на стапката на ДДВ за дизелот, од 18 на 10 отсто. Според неа, мерката е донесена како одговор на

Меџити: Честитки до мојот пријател Албин Курти за реизборот за премиер на Косово

Градоначалникот на Општина Чаир и копретседател на партијата ВЛЕН, Изет Меџити, му честиташе на Албин Курти за повторниот избор за премиер на Република Косово. Меџити оцени дека во периодот што следува Македонија

Фановите на Ливерпул запреа автомобил на фудбалер после киксот – настана хаос!

Разочарувањето по уште едно промашување на Ливерпул за малку ќе се претвори во многу непријатна ситуација на улиците по натпреварот против Фулам. Откако натпреварот заврши без голови, група навивачи на Ливерпул го
Go toTop