Се очекува ЕУ да воведе нови санкции против Иран поради задушување на протестите

January 23, 2023
1 min read

Министрите за надворешни работи на Европската унија денеска се очекува формално да се договорат за нови санкции против Иран, како и за нова набљудувачка мисија во Ерменија и Азербејџан, јави ДПА.

Европските дипломати потврдија за агенцијата дека се очекува да бидат санкционирани над триесет ирански поединци и организации како одговор на сериозните прекршувања на човековите права.

Техеран разби голем број демонстрации со сила, вклучително и неодамнешните егзекуции на демонстранти кои започнаа по смртта на иранско-курдката Махса Амини додека беше во притвор за наводно кршење на исламските правила за облекување.

Одлуките за санкции мора да се донесат додека земјите-членки на ЕУ разговараат за додавање на иранскиот корпус на гардата на исламската револуција на листата на терористички организации на ЕУ.

ЕУ веќе усвои три пакети санкции против Иран за кршење на човековите права од почетокот на протестите минатата година. Досега на санкционираниот список има 146 лица и 12 организации, меѓу кои и членови на гардискиот корпус.

Европските министри за надворешни работи ќе разговараат и за тековната војна во Украина и поконкретно за доделување дополнителна воена помош вредна 500 милиони евра.  (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

ЕУ размислува да ги искористи запленетите руски средства за обнова на Украина

Следно

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски насилно ја одржува власта на “апарати“ и со две патерици, но не може да избега од народната казна и одговорноста

Latest from Blog

Еве кои трошат повеќе од милијарда евра на слатки и чоколади

Финците потрошиле повеќе од милијарда евра на слатки и чоколади минатата година, покажуваат податоците на „С група“. Истовремено, се зголемила побарувачката за слатки на мерење, додека побарувачката за чоколада се намалила поради

Гвардиола: Кога ќе се пензионирам ќе патувам, ќе готвам и ќе седам дома

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, во очекување на дербито со Ливерпул, пред новинарите зборуваше и за своите планови по пензионирањето од тренерската кариера. „Сакам да почнам да готвам. Нема повеќе ресторани…

Хаос на аеродромите во САД: Повеќе од 700 летови откажани поради затворање на владата

Повеќе од 700 летови низ САД беа откажани денес, бидејќи Федералната администрација за авијација (FAA) продолжува да го ограничува капацитетот на летови на 40 од најголемите аеродроми во земјата поради затворање на
Go toTop