ВМРО-ДПМНЕ ќе го блокира законот за амнестија – Ковачевски: Ќе има амандман ако се опфати и „Монструм“

September 29, 2023
1 min read

реклама

ВМРО-ДПМНЕ ќе го блокира законот за амнестија предложен од министерот за правда Кренар Лога, најави во Клик плус првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Причината зошто не го поддржуваат законот ја објасни со тоа што има десетици кривични дела кои не треба да се амнестираат, иако таков сличен закон предложиле во 2018 година во Собранието заедно со другите партии.

Законот нема да добие поддршка ниту од Демократски сојуз на Павле Трајанов. Бараат законот веднаш да се повлече бидејќи се прави за политички пазарења и се убедени дека овој закон нема да помине.

реклама

„Повеќе од јасно е дека сето ова, како и најавите за дополнителни амнестии се прави наводно за да се изгласаат уставните измени со кои се предлага Бугарите да бидат вградени во Уставот, а суштината е неказнивост на функционерите  и да се остане ден повеќе на власт“, вели ДС.

Премиерот Димитар Ковачевски не планира повлекување на законот туку преку амандмани да се смени истиот со цел да не се амнестираат двајцата осудени за случајот Монструм, Хаки и Фејзи Азири.

реклама

Меѓутоа министерот за правда Кренар Лога вчера рече дека законот е ист како тој во 2018, а истиот го предложила пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ како и другите партии во земјава.

За 10 дена се очекува законот за амнестија да влезе во собраниска процедура, а министерот Лога очекува поддршка од сите пратеници бидејќи тврди дека ова не се прави за политички цели туку за ослободување простор во затворите.

реклама

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Владеењето на правото е недостижна фантазија со оваа гарнитура на власт, рече Мицкоски на средбата со НДИ

Следно

Мечки во Маврово и Ростуша – влегуваат во дворовите на куќите, го јадат медот, кравите и овците

Latest from Blog

Лига на ПАРИТЕ: Реал Мадрид со приход од 1,2 милијарди евра за минатата сезона, ова се ТОП 20 клубови!

ФОТО:facebook.com/RealMadrid Не ЛШ, не Суперлига, туку Лига на ПАРИТЕ. Како може понаку да се протолкува фактот дека ТОП 20 клубови во Европа имаат приход од 12 милијарди евра за минатата сезона. Како

Излезе од печат првата разгледница „Поздрав од Преспа“ посветена на областа Преспа (ФОТО)

Излезе од печат првата разгледница „Поздрав од Преспа“ посветена на областа Преспа, содржи 8 фотографии за овој крај значаен придонес во зачувувањето и промоцијата на македонското културно наследство, која е авторско дело

Коњановски: Време е за модернизација и инвестиции во битолските претпријатија

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, во обраќање до граѓаните истакна дека јавните претпријатија се соочуваат со предизвици кои влијаат на нивната работа и дека е потребно да се подобри нивната ефикасност и

ВМРО-ДПМНЕ со реакција: Ленче беше дел од криминалната мрежа на СЈО и сега наместо да се извини глуми жртва

Обвинителката Ленче Ристоска беше дел од СЈО, кое заврши со криминален скандал и рекетарска мрежа вредна неколку милиони евра, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ. Како дел од таа мрежа, правосилно беше осудена нејзината шефица,

ВМРО-ДПМНЕ: Ристоска не е жртва, туку дел од проблематичниот систем

Обвинителката Ленче Ристоска беше дел од СЈО, кое заврши со криминален скандал и рекетарска мрежа вредна неколку милиони евра, вели ВМРО-ДПМНЕ. „Како дел од таа мрежа, правосилно беше осудена нејзината шефица, Катица
Go toTop