Македонското друштво “Илинден”-Тирана му го честита изборот на Ферит Хоџа за шеф на дипломатијата и очекува подобрување на положбата на Македонците

March 9, 2026
1 min read

Македонското друштво “Илинден”-Тирана му го честита изборот на новиот албански прв дипломат Ферит Хоџа, со очекувања да се заложи за подобрување на правата на Македонците во Албанија.

“Дозволете ми, во име на Македонското друштво „Илинден“-Тирана, во мое лично име, како и во име на македонското национално малцинство во Република Албанија, да ви го честитам изборот на оваа клучна функција и во посакам успех на вашата позиција како министер за Европа и надворешни работи, стои во честитката. Се посочува дека македонското национално малцинство во Република Албанија му изразува целосна поддршка и оти е убедено во неговиот успех.

“Во исто време, веруваме дека под ваше водство ќе помогнете во подобрувањето на правата на македонското национално малцинство во Република Албанија. Ви посакуваме здравје и успех во вашата работа како министер за Европа и надворешни работи на Република Албанија и исполнување на обврските, се нагласува во честитката.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Владата на Гвинеја распушти 40 политички партии; опозицискиот лидер повика на отпор

Следно

Shtrenjtimi i derivateve, “Tetova Transport” paralajmëron reduktimin e linjave

Latest from Blog

Меџити: Чаир ќе ги одбележи ноемвриските празници со концерт на Рона Нишлиу

Албанската пејачка Рона Нишлиу ќе одржи концерт во Општина Чаир по повод ноемвриските празници, најави градоначалникот Изет Меџити. Меџити се сретна со Нишлиу за време на нејзиниот престој во Скопје, во рамки

Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство

САД добија речиси се’ освен присвојување на Гренланд – по неколкумесечните тензични кои предизвикаа глобален геополитички потрес, Вашингтон и Копенхаген постигнаа договор, САД влегува трајно, воено, на арктичкиот остров – Кралството Данска
Go toTop