Владата на Гвинеја распушти 40 политички партии; опозицискиот лидер повика на отпор

March 9, 2026
1 min read

Претседателот Мамади Думбуја, поранешен командант на силите за специјални операции, ја презеде власта во 2021 година со воен удар. Во декември тој освои седумгодишен претседателски мандат, резултат кој беше оспорен од опозицијата. Се очекува во оваа западноафриканска држава во мај да се одржат парламентарни избори.

Министерството за територијална администрација и децентрализација на Гвинеја преку указ објави дека централите и локалните канцеларии на 40 партии ќе бидат затворени, а употребата на нивните амблеми, кратенки и други обележја ќе биде забранета. Според властите, партиите се распуштени бидејќи не ги исполниле законските обврски, како што е поднесувањето финансиски извештаи. Сепак, неколку од распуштените партии ја оспорија одлуката, тврдејќи дека ги исполниле сите законски барања.

Во видео објавено на социјалните мрежи, лидерот на опозицијата Селу Дален Диало изјави дека на политичките противници на претседателот им е „објавена отворена војна“. Тој ги повика граѓаните на Гвинеја да почнат со „директен отпор“, без да прецизира конкретни дејствија. Според него, политичката промена нема да дојде преку дијалог или демократски процедури.

„Шефот на хунтата и неговото злонамерно опкружување сакаат да ја препишат историјата на земјата, бришејќи ги од политичкиот живот сите сили кои би можеле да го засенат новонастанатиот еднопартиски систем“, изјави тој.

Диало се наоѓа во егзил надвор од земјата, исто како и поранешниот претседател Алфа Конде, кој беше соборен од власт од страна на Думбуја и чија партија исто така беше распуштена. 

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Менкиноски: За црниот печат од Бугарија очекувам соодветна реакција од Парламентот, МНР, Советот на Европа и ОН

Следно

Македонското друштво “Илинден”-Тирана му го честита изборот на Ферит Хоџа за шеф на дипломатијата и очекува подобрување на положбата на Македонците

Latest from Blog

Проданоски: Буџетот за 2027 година го креираме со предлозите на прилепчани

Општина Прилеп ги заврши средбите со сите урбани заедници во градот во рамките на консултациите за подготовка на Буџетот за 2027 година. Градоначалникот Дејан Проданоски најави дека процесот продолжува со средби со

Николоски: Од 1 јануари само Државната лотарија ќе може да организира онлајн игри на среќа

Владата го измени Законот за игри на среќа, со кој јасно се ограничува организирањето на игри на среќа. Само Државната Лотарија ќе може да организира игри на среќа, дополнително се воведе ограничување

Божиновска: По три децении зависност од еден гасен правец, Македонија работи на нови врски со соседите

Македонија три децении зависела од само еден правец за снабдување со природен гас, а новите поврзувања со соседите треба да ја намалат таа зависност, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини,

Битола не ги заборава своите херои: Одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада

Во Битола свечено беше одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада, со положување свежо цвеќе, оддавање почит и пригодна културно-уметничка програма. Одбележувањето се одржа пред спомен-плочата кај Територијалната противпожарна

Божиновска: Гасните врски со Грција и Србија се приоритет за посигурно снабдување

Гасните интерконектори со Грција и Србија, Вертикалниот гасен коридор и повторното ставање во функција на продуктоводот Солун–Скопје се меѓу проектите со кои Македонија работи на посигурно снабдување со енергија. Ова го истакна
Go toTop