ВМРО-ДПМНЕ и Левица се единствени кочничари – Митева: Европските пријатели на Ковачевски се невидливи

December 17, 2023
1 min read

реклама


Антиевропските Вмро ДПМНЕ и Левица се единствените кочничари на европскиот пат и во Извештајот на ЕК јасно е потврдено дека партијата на Мицковски се кочничари на реформите. Канцеларот на Германија, Олаф Шолц е докажан пријател на Македонија кој силно го поддржува нашето членство во ЕУ. Но кога ДПМНЕ ги споменува Шолц и Орбан треба да го праша нивниот најблизок соработник Виктор Орбан зошто не гласал, велат од СДСМ .

Единствен кочничар на државата е анти-ЕУ и анти-НАТО коалиција на ДПМНЕ и Левица.Иако имаме успешен скрининг, иако имаме силна поддршка во Унијата и отворени врати, поради активната блокада на Мицкоски и Апасиев во македонското Собрание не започна процесот на отворање поглавја.Виновникот има име и презиме: Мицкоски и ДПМНЕ.Мицкоски ги понижи македонските граѓани и македонскиот народ.Откако пропаднаа и сите лаги со кои што го плашеа македонскиот народ, дека некој ќе ни го смени идентитетот, дека ќе сме се асимилирале и бугаризирале.Сега на граѓаните им е кристално јасно: со ДПМНЕ и Левица нема Европска Унија, нема иднина.ДПМНЕ ја загуби идеолошката матрица и почна да забегува заедно со Левица“, вели Дарко Каевски.

реклама

Високите европски претставници сметаат дека Македонија не е спремна да ги започне преговорите со ЕУ не поради Бугарија, туку поради високото ниво на криминал и корупција во врвот на власта.

„Ковачевски, Маричиќ и Османи кои деноноќно беседеа дека Македонија има пријатели, не успеаја до денес да ги убедат високите претставници да ја убедат Бугарија да го повлече ветото, а најдобар доказ дека тоа е возможно е почетокот на преговори со Украина. Дополнително, Социјалдемократскиот сојуз и германскиот канцелар Олаф Шолц се од исто политичко семејство на социјалдемократите, па се прашуваме зошто тие не го замолија бугарскиот премиер да ја напушти салата на кратка кафе пауза за да се изгласа одлуката Македонија да ги започне преговори со Европската Унија и на тој начин да се реши проблемот?“, вели Марија Митева.

реклама

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Обединетото Кралство и Германија повикаа на траен прекин на огнот во Појасот Газа

Следно

Обединетото Кралство и Германија повикаа на одржлив прекин на огнот во Појасот Газа

Latest from Blog

Продадени се 5.000 влезници, селекторот ги повика навивачите да ја поддржат репрезентацијата

Фудбалската репрезентација на Македонија со меч против Швајцарија, идната сабота во Скопје, го започнува настапот во дивизијата „Б“ на Лигата на нации. Билетите веќе се во продажба по цени кои се движат

Мечка се обиде да влезе во просторија во која беа руски биатлонки!(ВИДЕО)

Невообичаена ситуација во Сочи – мечка се обиде да влезе во просторијата каде што се подготвуваат руските биатлонки. Руската шампионка Ина Терешченко објави видео од средбата на социјалните мрежи. На него се

Коњановски: Битола со Европската недела на мобилност чекори кон град пристапен за сите

Во рамките на Европската недела на мобилност, денеска граѓани од различни возрасни групи и лица со попреченост ја истражуваа Битола за да видат колку нашиот град е пристапен, безбеден и прилагоден за

Победа за Јанев по голема борба на ЕП за тенисери и тенисерки до 18 години

Македонскиот дејвис куп репрезентативец Кристијан Јанев по голема борба успеа да избори пласман во второто коло на Европското првенство за тенисери и тенисерки до 18 години што се игра во Оберпулендорф, Австрија.
Go toTop