Власта и опозицијата се обвинуваат за начинот на водење на истрагата за Кочани

April 19, 2025
1 min read

Истрагата за трагедијата во Кочани ќе заврши за краток временски период – уверува првиот човек на полицијата Панче Тошковски. МВР постапува по сите наредби на јавното обвинителство, се надевам дека постапката ќе премине во нова фаза, дополни Тошковски

Опозицијата пак и денеска со серија критика за досегашниот тек на истрагата. Од СДСМ велат дека владата предводена од Тошковски и Мицкоски, прави се за да ги заштити своите и да ја дефокусира јавноста. Од партијата побараа проширување на истрагата кон актуелните функционери – кои биле директно одговорни вечерта на трагедијата.

-Истрагата за трагедијата во Кочани се претвори во класичен политички театар во режија на ДПМНЕ. Наместо да се фокусираат на актуелните пропусти вечерта на трагедијата, кога полицијата не реагирала, не затворила објект и дозволила присуство на малолетни и пиротехнички средства, власта оди десет години наназад сѐ со цел да ги заштити актуелните началници и службеници од други институции кои биле директно одговорни за настанот.И додека се бркаат чиновници од пред десет години, началниците и командирите што таа вечер имале директна обврска да постапат, остануваат недопрени. Владата сака јавноста да заборави дека полицијата била таму и не направила ништо. – СДСМ.

Од ДУИ пак сметаат дека за трагедијата во Кочани – се гонат лица кои немаат допирна точка со трагедијата.

– Наместо да ја води истрагата низ призмата на правдата, обвинителството ја поставува низ призмата на популизмот и спасување на Владата. Целата академска и правна фела гласно алармира: овој пристап е антиуставен, спротивен на праксата  и антипрофесионален.Тој не произлегува од правната наука, туку од политички договор со извршната власт.Претворањето на трагедијата во алатка за лична или институционална промоција е опасна девијација која може да има несогледливи последици, соопштија од ДУИ.

Од ВМРО-ДПМНЕ возвратија. СДСМ и ДУИ тонат во безизлезност и неспособност. Нивните обвинувања за селективна правда се брутално безобразие .

Од вкупно 60 осомничени за трагедијата во Кочани 20 се наоѓаат во ефективен притвор. Меѓу нив е и екс министерот за економија Крешник Бектеши. За него одбраната веќе има поднесено жалба, откако судот одлучи на Бектеши да му се продолжи притворот за нови 30 дена. Жалбата е поднесена до Апелација со гаранција во недвижен имот и пари.

Екс директорите на пазарна инспекција Горан Трајковски и Анета Симеска се во куќен притвор. Иста мерка на обезбедување има и за поранешните градоначалници на Кочани, Љупчо Папазов, Ратко Димитриевски и Николчо Илијев, како и за екс министрите за економија Ваљон Сарачини и Беким Незири

14-те осомничени полицајци пак за кои истрага води јавното обвинителство за организиран кирминал, ќе се бранат од слобода. Судот ги прифати барањата на обвинителството- определувајќи им мерки на претпазливост

На 12 април обвинителството ја прошири истрагата за пожарот на нови 19 лица. Сите се осомничени за тешки дела против општата сигурност.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Путин прогласи едностран 30-часовен прекин на огнот поради Велигден

Следно

Разделбата на АА од ВРЕДИ – Али Ахмети: Таравари сфати, се надевам и другите ќе сфатат

Latest from Blog

ВЛЕН: Улица по улица, проект по проект, Арачиново се менува

Арачиново секојдневно се менува преку реализација на конкретни инфраструктурни проекти, оценува ВЛЕН, од каде посочуваат дека инвестициите треба директно да се почувствуваат кај граѓаните и во локалните заедници. Од партијата наведуваат дека

Коњановски: Женското претприемништво е важен дел од развојот на Битола

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, заедно со претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, присуствуваше на средба со Советот за женско претприемништво на Општина Битола. На средбата присуствуваа и заменик-градоначалничката Марина Крстиќ и

Пјонгјанг повторно лансираше балистичка ракета кон Јапонското Море

Како што пренесе новинската агенција Кјодо, проектилот паднал надвор од ексклузивната економска зона на Јапонија, а не се пријавени штети на објекти ниту повредени лица. Ова последно лансирање на проектил уследи откако
Go toTop