Разделбата на АА од ВРЕДИ – Али Ахмети: Таравари сфати, се надевам и другите ќе сфатат

April 19, 2025
1 min read

Првите симптоми дека АА ќе си замине од ВРЕДИ се забележаа од моментот кога Таравари рече дека има канали за комуникација со ДУИ. Дека имало комуникација потврди и првиот човек на ДУИ, Али Ахмети.

-Како што изјави господинот Таравари, имав краток телефонски разговор и ништо повеќе, изјави претседателот на ДУИ, Али Ахмети.

Според Таравари, причината поради која АА не постигна договор со другите челници на ВРЕДИ е тоа што тој сакал да оди на локални избори со посебна листа на советници, на што другите не се согласиле. Сепак, Ахмети вели дека има друга причина.

-Со ангажманот на политичките партии на ВРЕДИ во извршната власт на Република Македонија, тие направија девалвација и ги понижија Албанците во Република Македонија. Континуирано ги повикувавме да ги напуштат институциите за да не станат дел од понижувањето. За да не бидат дел од девалвацијата на Албанците. Што побрзо тоа го сфатат сите…како што изгледа од сите изветшаи кои стигнуваат кај мене, г. Таравари сфатил дека позициите на Албанците во Македонија е само како слуга и тоа што им кажува агата тоа го прават, се надевам дека и другите ќе сфатат, изјави претседателот на ДУИ, Али Ахмети.

Новинар: Но, ако ДУИ почне да соработува со Таравари, што ќе биде со Зиадин Села?

-Јас сум во секојдневен контакт со господинот Зиадин Села и тој е во тек како и јас, изјави претседателот на ДУИ, Али Ахмети.

Дали ќе остане на Европскиот фронт и како ќе продолжи, ова ќе го дознаеме во понеделник на Клик плус, каде гостин ќе биде Зиадин Села.

ИЗВОР: ТВ 21

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Власта и опозицијата се обвинуваат за начинот на водење на истрагата за Кочани

Следно

Во Рим заврши втората рунда индиректни преговори меѓу САД и Иран

Latest from Blog

Еве зошто Франција (не)сака да биде прва во групата И!

ФОТО:.facebook.com/fifaworldcup/ Откако САД, Мексико и Германија го обезбедија првото место во своите групи, започнаа пресметките за можните соперници во елиминациската фаза. Токму поради ова, потенцијалниот судир меѓу двете европски суперсили, Франција и

Венс за преговорите со Иран во Швајцарија: Oчекувам дополнителен напредок во наредните часови

Во екот на повторна ескалација на судирите меѓу Либан и Израел, што доведе до нови ирански закани за спуштање на „рампата“ на Ормускиот теснец – во малиот швајцарски рај – Бургеншток кај

Коњановски: „Car Show – Битола 2026“ со рекордна посетеност и богата програма

Исклучителна чест ми беше да го посетам „Car Show – Битола 2026“, настан кој годинава повторно потврди дека Битола може да организира манифестации со меѓународен карактер и високо ниво на организација, истакна

Почна одбројувањето за владините фотелји – кој ќе преживее до први јули?

Од „Илинденска“ потврдуваат дека Мицкоски останува на позицијата внимателно да ги следи состојбите во институциите и реконструкцијата е резултат на неговото незадоволство од функционери што се оддалечуваат од принципите врз кои е
Go toTop