ВЛАДИМИР АНГЕЛОВ ОД КИНОТЕКАТА Е НОВ ДИРЕКТОР НА АГЕНЦИЈАТА ЗА ФИЛМ, ОДЛУЧИ ВЛАДАТА

1 min read

Досегашниот дирекор на Кинотеката, Владимир Ангелов, е нов директор на Агенцијата за филм, потврдија од Владата за САКАМДАКАЖАМ.МК, каде во тек е седницата на која е именуван. Ангелов седум години беше директор на Кинотеката на Македонија, а на новата функција доаѓа откако му заврши мандатот на директорот на Агенцијата, Бојан Лазаревски. На јавниот оглас за нов директор на Агенцијата стигнале три пријави, меѓу кои и на Лазаревски, ни рекоа од Владата.

Лазаревски беше в. д. директор на Агенцијата  2020, па во февруари 2021 доби мандат од две години. Откако му истече мандатот, повторно беше назначен за в. д. директор неколкупати,  последен пат во август 2023. Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) на 15 ноември, во мандатот на претседателката Билјана Ивановска, одлучи да поднесе иницијатива за одговорност до Владата и Јавното обвинителство за кривично гонење за несовесно работење и трошење на буџетски средства на Лазаревски. Таа рече дека ДКСК бара Владата да го разреши Лазаревски и да распише конкурс за нов директор. Претходно, Државнот завод за ревизија (ДЗР) имаше негативен извештај за работата на Агенцијата за филм.

Ангелов е реномиран филмолог и продуцент. По дипломирањето на Факултетот за драмски уметности  (ФДУ) во Скопје во 1992,  кратко време работел како продуцент во „Вардар филм“. Во Кинотеката работи од 1995 до денес. Во 2017  беше назначен за в. д. директор на Кинотеката, а директор стана на крајот на 2018.

На почетокот на кариерата работи на рекогнисцирање и реставрација на македонскиот филмски фонд снимен во период од 1948  до 1953  Врз основа на елаборатот за заштита на овој фонд, Кинотеката на Македонија ги изработува заштитните филмски копии на овие филмови. Во неговата биографија е наведено дека работи на проекти на аналогна и дигитална реставрација на македонски филмови како активност на Кинотеката.

Од 1997 година соработува со Кинопис и објавува околу триесетина текстови. Исто така соработува со Македонската академија на науките на проектот „Фотографијата и филмот на почвата на Македонија“ (дел од проектот Историја на макрокултурата во Македонија).

Б. НЕСТОРОСКА

ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

ИЗВОР: sdk.mk

Претходно

Кривична против скопјанец, истепал обезбедувач во казино

Следно

Иницијаторите за смена на Димевски не успеаја да обезбедат кворум

Latest from Blog