Влада: Пренамена на две милијарди денари за реализација на 66 проекти во најголем дел од општините

December 14, 2023
1 min read

реклама


Одлука за пренамена на буџетски средства во износ од две милијарди денари за реализација на 66 проекти во најголем дел од општините донесе Владата на денешната седница.

-Владата на Република Северна Македонија на денешната седница донесе одлука за пренамена на буџетски средства во износ од две милијарди денари коишто ќе бидат насочени за реализација на 66 проекти во најголем дел општини низ целата држава, меѓу кои Град Скопје,  Центар, Ѓорче Петров, Сарај, Аеродром, Охрид, Македонски Брод, Битола, Крива Паланка, Штип, Липково, Кичево, Валандово, Струмица, Росоман, Дојран, Берово, Делчево, Желино, Гостивар и други, соопштија попладнево од владината прес-служба.

реклама

Предвидено е овие средства да бидат наменети за реализација на проекти со коишто ќе им се излезе во пресрет на граѓаните како изградба и доградба на образовни и здравствени институции, спортски објекти, инфраструктурата, како и проекти од областа на заштитата на животната средина.

-Од проектите во делот на патната инфраструктура, вкупно 360 милиони денари од Министерството за транспорт и врски ќе се доделат на Град Скопје за изградба на булевар „Хасан Приштина“ во населбата Визбегово. Меѓу поголемите проекти, Министерството за транспорт и врски ќе пренамени 110 милиони денари за реконструкција на улица „8 Септември“ во Горно Оризари, Битола. Средства ќе бидат наменети и за довршување на мостот „Љубљанска“ во Скопје. Министерството за образование и наука пренаменува 100 милиони денари за доградба и надградба на ООУ „Блаже Конески“ во општината Аеродром, а со средства од ова министерство планирана е изградба на ОУ „Климент Охридски“ во село Драчево и изградба на ново основно училиште „Крсте Мисирков“ во Сингелиќ, Општина Гази Баба, се појаснува во соопштението.

реклама

Со средства од Министерството за образование и наука, како што е наведено во соопштението, ќе се гради спортска сала во ОУ „Ванчо Николески“ во село Лескоец, Охрид, како и реконструкција и адаптација на простор за нова училишна зграда за потребите на ОУ „Кочо Рацин“ во Охрид.
 
Со средства од Министерството за труд и социјална политика во износ од 60 милиони денари ќе се гради нова детска градинка со капацитет за 100 деца во рамки на ЈОУДГ „Росица“ во Стопански двор во Општина Ѓорче Петров. Предвидени се и доградби и надградби и на детски градинки во Општина Аеродром.
 
Во Прилеп, со средства од Министерството за животна средина и просторно планирање во износ од 90 милиони денари, ќе се гради фабрика за рециклирање отпад. 

-Од областа на животната средина, предвидена е изградба на пречистителни станици во Чучер Сандево и во Пласница. Во Општина Илинден ќе се реконструира тамошната амбуланта, за што се предвидени осум милиони денари кои Министерството за здравство ќе ги издвои за оваа намена, се наведува во соопштението.  

реклама

Со владината Одлука предвидена е и изградба на спортска сала во Општина Штип со средства од Агенцијата за млади и спорт.

реклама

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ДУИ нема ништо против ЕСП да има член во ДИК, Ковачевски бара законите да не се толкуваат своеволно

Следно

Од февруари ќе се изучува македонскиот јазик на Универзитетот во Тирана

Latest from Blog

Хит видео од фронтот: Митралез го врти и отфрла рускиот војник (ВИДЕО)

Видеото, за кое се верува дека е автентично според достапните информации, прикажува руски војник како отвора оган од митралез поставен на импровизирана ротирачка поставка. Сепак, поради силен отскок, оружјето одеднаш се свртува

Поради сериозен дефект неколку скопски населби се без вода

Жителите на неколку скопски населби и приградски општини вечерва се соочуваат со сериозен прекин во водоснабдувањето. Како што соопштија од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, дефектот се случил на главната водоводна

Уште една селекторска смена, Сенегал ќе има нов кормилар

Откако не ги исполни резултатските очекувања на овој Мундијал, репрезентацијата на Сенегал природно преживува промени. Раководните структури на Федерацијата одлучија да го сменат досегашниот селектор, Папе Тиао. Сенегал шокирачки во 1/16 финалето

Пресврт по четири децении: АПСЕЊЕ ЗА ЛАДНОКРВНО УБИСТВО НА ФЛОРИДА БЛАГОДАРЕНИЕ НА ЕДЕН ПОВИК

Речиси 40 години откако млада мајка беше претепана до смрт во својот дом, полицијата на Флорида соопшти дека еден телефонски повик ги довел до нов осомничен. Мелиса Елисон (20) беше пронајдена мртва
Go toTop