Вкупно 2.042 повици на 112, најмногу за полицијата

January 4, 2024
1 min read

реклама


 Во Центарот за управување со кризи (ЦУК) имало вкупно 2.042 повика на единствениот број за итни случаи 112, од нив, „реални“ повици биле 43,88 отсто, а 56,12 проценти за други потреби на граѓаните, информираат утрово од ЦУК.

– Според генералната природа на итните случаи, кон полиција биле упатени 60,40 отсто, кон Итната медицинска помош 34,80 проценти, кон пожарникарите  0,40 отсто, а кон АМСМ 0,40 проценти од реалните повици кон 112 во ЦУК. Повици за итни случаи на 112, што се за комбинирано решавање кон ЦУК, имало 4,00 отсто од реалните. Тие повици, заедно со другите – „неитни повици“, 56,12 проценти – вкупно на број 1.156 повици, за разлика од претпоследното деноноќие кога биле 934, биле предмет на примање и обработка во ЦУК, преку дежурните оперативци во секторот Е-112, а истовремено во содејство со Секторот за операции и координација, секако според стандардните оперативни процедури во координација со институциите во Системот за управување со кризи, појаснуваат оттаму.

реклама

Вчера имало само еден регистриран пожар на отворено. 

– Пожарникарите од Територијалната противпожарна единица Прилеп од 13.18 до 15.13 часот вчера, со два пожарникара и едно ПП возило, гаснеле запалена ниска вегетација во атар на село Забрчани во општината, појаснуваат од ЦУК.

реклама

Покрај овој пожар на отворено, пожарникари биле ангажирани и за гаснење пожари во населени и урбани средини во државата.

реклама

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Украински телекомуникациски гигант од мај бил мета на руски хакери, вели шефот за кибербезбедност на СБУ

Следно

Турските разузнавачи неутрализираа терорист на ПКК/КЏК во северен Ирак

Latest from Blog

Трамп се огласи за барањето за помилување на Линдзи Кленси, која си ги уби трите мали деца

Доналд Трамп го прекина молчењето во недела, 13 септември, откако адвокатот на Линдзи Кленси јавно го повика да интервенира во нејзиниот случај, вклучително и барање за помилување кое претседателот нема овластување да

Еве што му рече на судијата суспендираниот Александар Коларов

Александар Коларов е суспендиран откако беше исклучен на натпреварот против Удинезе (5:3). Коларов доби црвен картон во 19-тата минута од натпреварот против „зебрите“ поради протест против судијата Лука Паирет. Тој продолжи да

Нападнат е танкер со нафта во Ормутскиот теснец- исчезнаа двајца морнари, 23 се спасени

Танкерот „Ел Гаја“ со панамско знаме беше нападнат во вторник и сега влече кон оманско пристаниште, објави Би-Би-Си. Пожар и штета Оманскиот центар за поморска безбедност објави дека по нападот избувнал пожар

Испишана е историја во италијанскиот фудбал: По четири кола уште нема резултат 0:0!

ФОТО:facebook.com/Inter Што ли се случува со фудбалот? Имено италијанскиот фудбал на почетокот од новата сезона забележа историски куриозитет – во првите четири кола од Серија А и Серија Б, ниту еден натпревар
Go toTop