Викендов 2 553 сообраќајни прекршоци, 543 за брзо возење

April 7, 2025
1 min read

Викендов во рамки на сообраќајните контроли низ државата биле издадени вкупно 2.553 платни налози, повеќето по однос на прекршувања на одредби од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, информира МВР.

Поради непрописно паркирање биле изречени 545 прекршочни платни налози и 543 прекршоци по основ на неприлагодена брзина на движење согласно пропишаната. Евидентирани биле и 150 прекршоци поради користење мобилен телефон при возење, 340 платни налози за некористење сигурносен појас, како и 20 прекршоци по основ на неносење заштитен кацига при возење мотоцикл.

Во посочениот период дури 252 учесници во сообраќајот се затекнати без возачка дозвола, 104 лица управувале под дејство на алкохол, седум минале на црвено светло, а санкционирани се и 12 пешаци.

Според Законот за возила од сообраќај вкупно биле отстранети 81 возило, од кои 28 заради техничка неисправност, а 58 затоа што не биле регистрирани.    

– Сообраќајните контроли продолжуваат и наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, стои во соопштението од МВР.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Туркије: Пролетта во Сакарија на љубителите на природата им нуди прекрасна глетка

Следно

Нетанјаху и Трамп во Белата куќа ќе разговараат за американските царини, Хамас, Иран…

Latest from Blog

Трамп повторно изјави дека се надева оти крајот на војната против Иран е близу

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека се надева дека крајот на војната против Иран е близу, бидејќи конфликтот, кој е во седмиот месец, ескалираше кога саудиските авиони  го бомбардираа Јемен, а  Хутите

Комуналец Прилеп со порака: Чиста Могила за уживање на сите

Парк-шумата Могила во Прилеп во моментов е чиста и уредна, информираат од ЈКП „Комуналец“ – Прилеп. Од претпријатието упатија благодарност до граѓаните кои со своето однесување придонесуваат просторот да остане чист и

Поранешни противници бараат помош од австралиската влада поради здравјето на Имран Кан: Ќе умре во затвор

Вчера, седум поранешни австралиски капитани во крикет ја повикаа министерката за надворешни работи на земјата, Пени Вонг, да интервенира дипломатски во врска со продолжениот притвор на поранешниот пакистански премиер, изразувајќи загриженост за
Go toTop