(ВИДЕО) Вардар надмина три метри кај Демир Капија, водостојот зголемен на сите мерни станици

June 18, 2023
1 min read

Според УХМР, нивото на водата расте и на Пчиња, Црна Река, Струмица и на други водотеци, а во текот на денешниот и утрешниот ден има тенденција и за зголемување на водостојот

Утринските мерења на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) покажуваат дека водостојот на реката Вардар во 07:30 часот највисоко е во Демир Капија и изнесува 308 сантиметри. Високо ниво, утринава Вардар има и кај Јегуновце и тоа изнесува 216 сантиметри како и во Велес каде водостојот е 200 сантиметри. Според информациите од УХМР просечното ниво на Вардар за јуни во овие делови е од 123 сантиметри во Демир Капија до 74 во Јегуновце.

Според УХМР, нивото на водата расте и на Пчиња, Црна Река, Струмица и на други водотеци, а во текот на денешниот и утрешниот ден има тенденција и за зголемување на водостојот.

Поради слаби локални врнежи во сливното подрачје на Кочанска река нејзиното ниво е зголемено и во атарот на селото Облешево е високо. Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираат дека реката е излеана надвор од коритото и зафатена е земјоделска површина.

И жителите на селото Раотинце во Општина Јегуновце и натаму се соочуваат со надојдената вода поради зголеменото ниво на реката Вардар.

Од Центарот за управување со кризи информираат дека по синоќешното излевање на Вардар во овој дел од општината нивото на реката кај селото Раотице и високо и не е променето.

Куќи и ниви во населените места Раотинце, Копанце и Туденце во Општина Јегуновце се поплавени од вчера.

Нивото на Вардар и во делот од Демир Капија до Гевгелија е на високо ниво, информираат од регионалниот центар за управување со кризи од Струмица. Нивото на реката Вардар кај Демир Капија синоќа било 260 сантиметри, што е за околу 30 сантиметри повеќе од утринското мерење.

Но, од ЦУК Струмица велат дека засега нема опасност од излевање во долниот дел од течението, од селата Удово, Марвинци и Гевгелија, бидејќи за да дојде до тоа, како што велат, нивото треба да се зголеми на 350 сантиметри.

Од регионалниот ЦУК од Прилеп велат дека има оштетување на коритото на „Дабнички канал“ на улицата „Кеј 19 –ти Септември“ наспроти објект – зграда 3 и е направена дупка што е проширена до работ со асфалтот од улицата. По утврдувањето дека тоа претставува опасност за непретпазливи минувачи и евентуално пропаѓање на асфалтот при минување на потешки возила, од ЦУК Прилеп велат дека го известиле ЈП „Водовод и канализации – Прилеп“ и од нив е побарано веднаш да се изврши обележување на местото за да се предупредат минувачите, а и возачите, да не поминуваат покрај самиот раб на коловозот.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Илузиите на зелената агенда

Следно

Над 1 милион аџии досега пристигнаа во Саудиска Арабија на аџилак

Latest from Blog

Алчинов во Отворено: За да се направи пат до хидроелектраната на река Дошница ќе треба да се исечат 1000 хектари шума

Кристијан Алчинов од „Спас за нас“ во Отворено рече дека законот за хидроелектрани е склопен во полза на инвеститорите. Според него, за изградба на една хидроелектрана на реката Дошница ќе треба да

Елиминирана шампионката на Ролан Гарос

Актуелната шампионка на Ролан Гарос Американката Коко Гоф е елиминирана во првото коло на Вимблдон. За изненадувањето се погрижи 25-годишната Украинка Дајана Јастремска, која со 2:0 во сетови (7:6(3) и 6:1) ја

САД ја прославија 249-годишнината од независноста во Скопје

Во Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Северна Македонија вечерва со свечен прием беше одбележан 4-ти јули – Денот на американската независност. Пред бројни гости, партнери и пријатели на САД, амбасадорката Анџела

Запленети околу 100 килограми марихуана во Струмица, лишени од слобода три лица

Во координирана акција на полицијата и Агенцијата за национална безбедност вчера во Струмица се запленети 100 килограми марихуана, а три лица се уапсени, соопштија денеска од МВР. Во соопштението се наведува дека

Ќостарова Унковска во Аргумент плус: Родителите на загинатите деца во Кочани се плашат од заборав

Клиничкиот психолог Лина Ќостарова Унковска во Аргумент плус рече дека трагедијата во Кочани е надвор од сите искуства. Според неа, родителите на загинатите деца не се плашат за нивните животи и за
Go toTop