Видео-Тузла: Во пожар во Дом за пензионери во Тузла 11 загинати и 35 повредени лица

November 5, 2025
1 min read

Во пожарот што синоќа зафати дел од Домот за пензионери во Тузла смртно настрадаа 11 лица, а меѓу повредените има и припадници на спасувачките екипи, посочуваат прелиминарните информации од Управата на полицијата на Министерството за внатрешни работи на Тузланскиот кантон во Бозна и Херцеговина.

Пожар од поголеми размери го зафатил седмиот кат од зградата на Домот за пензионери во Тузла околу 20:45 часот. Според првичните информации на полицијата, животот го загубиле десет штитеници на Домот.

„Во Универзитетскиот клинички центар Тузла медицински се згрижени околу 20 лица, односно пожарникари, полицајци, медицински работници, како и вработени и штитеници од Домот за пензионери.

Телата на настраданите ќе бидат префрлени во Комеморативниот центар заради идентификација и обдукција“, соопшти Управата на полицијата при МВР на Тузланскиот кантон.

На самото место е увидна екипа, а увидот ќе биде извршен кога ќе се создадат услови за тоа, со цел да се утврдат причините за пожарот и сите други факти важни за истрагата.

Од Домот за пензионери во Тузла информираа дека пожарот избувнал синоќа околу 20:45 часот, а со брза интервенција го ставиле под контрола и го изгаснале припадниците на Професионалната противпожарна единица Тузла.

Во гаснењето на пожарот учествувале и Професионалната противпожарна единица од Сребреник, како и доброволните противпожарни друштва Горна Тузла и Тузла, со поддршка од Управата на полицијата.

„На корисниците од загрозените катови припадниците на Службата за итна медицинска помош од Домот за здравје Тузла им укажаа медицинска помош, по што беа згрижени на пониските катови од установата. Медицинска помош на загрозените им даде и медицински персонал од домовите за здравје од Лукавац, Сребреник и Калесија“, истакнаа од Домот за пензионери.

Надлежните органи ги преземаат сите неопходни активности за расветлување на околностите што доведоа до овој трагичен настан, заклучија од Домот. 

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Божиновска за еМагазин: Скопската декларација поставува конкретни чекори кон зелена и стабилна енергетска транзиција

Следно

Членките на ЕУ постигнаа прелиминарен договор за климатските цели за 2040 година

Latest from Blog

Објавен е трејлер за филмот за Мајкл Џексон- 30 милиони прегледи за шест часа (ВИДЕО)

Иако постојано се зборуваше за проблематичната продукција на овој филм, се чини дека трејлерот ја воодушеви публиката, а само за првите шест часа беше прегледан повеќе од 30 милиони пати. Снимањето на

Градот на иднината се претвори во град на духови- пропадна инвестиција од 100 милијарди долари (ВИДЕО)

Од воздух, проектот изгледа како реализација на футуристички сон: серија стаклени облакодери, луксузни станови и хотели лоцирани на вештачки острови изградени со полнење на морето со песок. Сепак, подетален поглед открива многу

Јагленисано тело на Албанец е пронајдено врзано со лисици во изгорен автомобил во близина на Атина

Телото е пронајдено во изгорено возило во петокот попладне, во изолирана област, до која се стигнува по стар селски пат што локалното население наводно ретко го користи. Полицијата истражува дали телото на
Go toTop