Членките на ЕУ постигнаа прелиминарен договор за климатските цели за 2040 година

November 5, 2025
1 min read

Според усогласениот компромисен став, останува првичната цел предложена од Европската комисија за намалување на емисиите на стакленички гасови до 2040 година за 90 отсто во однос на нивото од 1990-та, но на земјите членки им се остава можност отстапувањето од оваа цел за до пет отсто да го компензираат со т.н. јаглеродно гранично прилагодување. 

Механизмот јаглеродно гранично прилагодување (ЦБАМ) овозможува плаќање на еден вид такса за високи емисии на јаглерод диоксид.  

Извори запонаени со текот на состанокот брифираа дека главната дебата се водела меѓу земјите кои ги поддржувале амбициозните климатски цели, предвоени од Германија, Шведска и Шпанија, и они кои се спротивставувале на ваквиот прелог, на чело со Италија и Полска. 

Полска и Италија инсистирале отстапувањето од целите да биде до 10 отсто, при што половина од давачката да се финансира со средства од фондовите на ЕУ, на што жестко се спротивставил т.н. „проклиматски блок“. 

Министерскиот состанок првично бил прекнат ноќеска околу 1:30 часот, но на инсистирање на Данското претседателство со Советот на ЕУ бил продолжен по 40 минути и по неколкучасовни преговори во раните утрински часови конечно е постигнат компромисниот договор. 

Според дипломатски извори, за време на вчарашниот дел од состанокот за неуспехот да се постигне договор некои земји членки го обвиниле Данското претседателство, кое според нив лошо менаџирало со разговорите, поставувало нереални очекувања и нудело отстапки „премногу рано во преговарачкиот процесот“. 

Договорот околку климатските цел на ЕУ доаѓа во пресрет на Глобалниот самит за климата (ЦОП30), што ќе се одржи бразилскиот град Белем од 10 до 21 ноември. 

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Видео-Тузла: Во пожар во Дом за пензионери во Тузла 11 загинати и 35 повредени лица

Следно

Неделна финансиска слика: инвеститорите во режим на претпазливост

Latest from Blog

ИЗБОРНА КАТАСТРОФА ЗА ЦДУ И МЕРЦ – партијата падна на цензусот од 5%

Германскиот канцелар Фридрих Мерц го призна тешкиот изборен пораз на ЦДУ на покраинските избори во Мекленбург-Западна Померанија, каде што партијата едвај остана над изборниот праг. По уште една тешка изборна вечер за

ВЛЕН: Улица по улица, проект по проект, Арачиново се менува

Арачиново секојдневно се менува преку реализација на конкретни инфраструктурни проекти, оценува ВЛЕН, од каде посочуваат дека инвестициите треба директно да се почувствуваат кај граѓаните и во локалните заедници. Од партијата наведуваат дека

Коњановски: Женското претприемништво е важен дел од развојот на Битола

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, заедно со претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, присуствуваше на средба со Советот за женско претприемништво на Општина Битола. На средбата присуствуваа и заменик-градоначалничката Марина Крстиќ и
Go toTop