(ВИДЕО) Руски хеликоптери нападнаа платеници на „Вагнер“

1 min read

Борците од приватната милиција Вагнер на Евгениј Пригожин го контролираат Ростов на Дон, град со повеќе од еден милион жители во близина на границата со Украина, и брзо напредуваат на север низ западна Русија

Руски воени хеликоптери попладнето отворија оган врз конвојот бунтовнички платеници во близина на Воронеж, кој веќе беше на половина пат до Москва во молскавично напредување, откако платениците го зазедоа јужниот руски град Ростов на Дон во текот на ноќта.

Претседателот Владимир Путин вети дека ќе го уништи вооружениот бунт, кој го спореди со граѓанската војна во Русија пред еден век.

Борците од приватната милиција Вагнер на Евгениј Пригожин го контролираат Ростов на Дон, град со повеќе од еден милион жители во близина на границата со Украина, и брзо напредуваат на север низ западна Русија.

Репортер на Ројтерс видел воени хеликоптери како отвораат оган врз вооружениот конвој Вагнер кој напредувал покрај градот Воронеж со транспортери и со најмалку еден тенк на камион со рамна платформа.

Градот се наоѓа на половина пат помеѓу Ростов и Москва, оддалечен повеќе од илјада километри. Властите во руската област Липецк ги повикаа луѓето да останат во своите домови од безбедносни причини.

Тие го издадоа предупредувањето поради извештаите дека бунтовничките платеници на Вагнер минуваат низ регионот на пат кон Москва.

Пригожин, чија приватна војска ги водеше најкрвавите битки во Украина, со месеци се караше со руското воено раководство. Тој објави дека го зазел штабот на Јужниот воен округ на Русија во Ростов, откако ги водел своите сили во Русија од Украина.

Во Москва е зголемена безбедноста на улиците. Црвениот плоштад е блокиран со метални бариери.

Извор: 360stepeni.mk

Претходно

ЕУ: Ситуацијата со „Вагнер“ е внатрешно прашање на Русија

Следно

Бускетс потпиша за Интер Мајами

Latest from Blog