ЕУ: Ситуацијата со „Вагнер“ е внатрешно прашање на Русија

June 24, 2023
1 min read

АТИНА (АА) – Европската Унија (ЕУ) денес соопшти дека однесувањето на „Вагнер“ во Русија е внатрешно прашање на земјата, јавува Анадолу.

Нагласувајќи дека блокот внимателно го следи развојот на ситуацијата во Русија, претседателот на Европскиот совет, Шарлс Мишел, на Твитер напиша: „Ова е јасно внатрешно прашање на Русија.“

Тој истакна дека е во контакт со европските лидери и со партнерите од групата Г7.

Мишел додаде дека поддршката на ЕУ за Украина и нејзиниот претседател Владимир Зеленски останува непоколеблива.

Рускиот претседател Владимир Путин го обвини челникот на „Вагнер“, Евгениј Пригожин, за предавство во денешното обраќање до нацијата, откако паравоените борци ја преминаа границата од Украина во Русија, влегувајќи во градот Ростов.

Пригожин ги обвини руските сили дека ги напаѓаат неговите борци, тврдење што Москва го негира.

Пригожин последните месеци континуирано ги обвинуваше руското Министерство за одбрана и министерот Сергеј Шојгу дека не испорачува доволно оружје за паравоената група.

„Вагнер“ се бореше заедно со редовната руска армија во Украина.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

Бенитез седна на клупата на Селта Виго

Следно

(ВИДЕО) Руски хеликоптери нападнаа платеници на „Вагнер“

Latest from Blog

Христоски: Работиме за секој еден граѓанин на Крушево, ние сме симбол на непокорот, напредокот, визијата!

Г’радот Крушево е симбол на непокорот, симбол на визијата и напредокот, симбол на единството’ истакна денеска на граѓанската трибина „Мугра на слободата“, Томе Христоски, актуелен градоначалник и кандидат за градоначалник на Крушево

Мицкоски од Струмица: Почнавме не од нула, туку од минус – не избравме пат на пораз и молк, туку храбро се зафативме да градиме темели!

„Секој почеток е тежок, но нов почеток – по години тишина, разочарување и неправда – е уште потежок“, порача премиерот Христијан Мицкоски на трибината во Струмица, под слоганот „Една година ги градиме

Александра Наќева Ружин нов претседател на Советот на амбасадори

Александра Наќева Ружин е избрана за нов претседател на Советот на амбасадори. Се очекува Наќева Ружин да ја продолжи активната и влијателна улога на Советот во надворешната политика, придонесувајќи значајно во јавниот
Go toTop