(ВИДЕО) Речиси 100 уапсени во Турција за кражба или измама на жртвите од земјотресот

February 12, 2023
1 min read

Tурските безбедносни сили досега уапсиле најмалку 98 лица за ограбување оштетени згради, кражба и измама на луѓето погодени од земјотресот.

Повикувајќи се на извори од безбедносните сили, турските медиуми соопштуваат дека во провинцијата Хатај има најмалку 42 осомничени за ограбување оштетени згради.

Властите заплениле оружје, пушки, накит, банкарски картички, 11 000 долари, 70 000 турски лири итн.

Уапсените беа фатени во најпогодените провинции од земјотресот како Кахраманмараш, Хатај, Адијаман, Малатија, Османије, Адана, Газиантеп и Шанлурфа.

На социјалните мрежи почнаа да се објавуваат и видеа и од крадците откако беа фатени од страна на турската полиција, со тоа и спасени од линч на разгневениот народ.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Седумгодишно момче спасено од урнатините 152 часа по земјотресите

Следно

Анонимен Пакистанец донирал 30 милиони долари за настраданите од земјотресот во Турција

Latest from Blog

Израел ќе испрати делегација во Катар на преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа

Израелски медиуми објавија дека Израел ќе испрати делегација во Катар која ќе преговара за ослободување на заложниците и прекин на огнот во Појасот Газа. Но, не е прецизирано кога израелската делегација ќе

Клековски им порача на крушевчани дека со смената на локалната власт во градот ќе направат уште повеќе

Членот на Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ Клековски денеска во посета на крушевските села и на самото Крушево со ветување дека кога ќе ја преземат локалната власт, ќе направат уште повеќе за

ВИДЕО: Хорор повреда, Донарума му ја скрши ногата на Мусиала, цел стадион во шок

Четвртфиналниот дуел на Светското клупско првенство помеѓу Пари Сен Жермен и Баерн беше обележан со ужасна сцена на крајот од првото полувреме, кога Џамал ​​Мусиала заработи сериозна повреда на ногата. Младиот германски

Внатрешната контрола на МВР расчисти случај во Прилеп со пајак возило

По денешната објава на социјалните мрежи за наводно непрофесионално постапување од страна на полициски службеници во Прилеп во врска со констатиран сообраќаен прекршок, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди
Go toTop