Седумгодишно момче спасено од урнатините 152 часа по земјотресите

February 12, 2023
1 min read

АДИЈАМАН (АА) – Седумгодишно момче спасено е од урнатините на зграда во градот Адијаман во турската област Кахраманмараш, дури 152 часа по земјотресите што ги потресоа јужните региони на Туркије, известува Анадолу.

Спасувачките екипи рано утринава открија дека под урнатините на осумкатница се наоѓа живо лице.

Потоа чуле детски глас и ја интензивирале спасувачката акција.

По акцијата што траеше околу седум часа, од урнатините успешно е извлечено седумгодишното момче Хаци Ахмет.

Спасувачите со голема радост славеа што успеале момчето да го извлечат живо.

На момчето му е укажана прва помош, по што е префрлено во болница.

„Бројката на загинати во земјотресот на југот од Туркије се зголеми на 24.617“, соопшти потпретседателот на оваа земја, Фуат Октај.

– Разорните земјотреси што ја потресоа Туркије на 6 февруари

Два разорни земјотреси, првиот со интензитет од 7,7 степени по Рихтер, во понеделникот наутро во 4:17 часот по локално време, со епицентар во округот Пазарџик, и вториот во 13:24 часот, со интензитет од 7,6 степени по Рихтер, со епицентар во местото Елбистан, ги потресоа јужните делови на Туркије. Епицентрите на земјотресите се регистрирани во турската област Кахраманмараш.

Бројни спасувачки екипи сè уште ревносно работат на пребарување и спасување на луѓето затрупани во урнатините на зградите.

Во овие земјотреси што силно ги потресоа и северните делови на Сирија, животот го загубија повеќе од 3.500 лица, а над 5.200 се повредени.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Се огласи семејството на Атсу: Го нема, не знаеме каде е

Следно

(ВИДЕО) Речиси 100 уапсени во Турција за кражба или измама на жртвите од земјотресот

Latest from Blog

Четворицата кандидати за прв човек на ОН во своите излагања го ставија мирот на прво место

Претендентите за функцијата генерален секретар на ОН неделава се заложија за организација која е поангажирана во мировните напори, но истовремено избегнуваа цврсти ставови за тековните кризи кои би можеле да ги вознемират

СДСМ поднесе закон: двојно државјанство да немаат ниту министрите во Владата и да важи веднаш

Пратеничката група на СДСМ поднесе Закон за измени на Законот за Влада по скратена постапка, забраната за двојно државјанство да важи за министрите, вицепремиерите и целиот состав на Владата и тоа веднаш.
Go toTop